Рандал Коло Муани (роден на 5 декември 1998, во Бонди) е француски фудбалер, на Јувентус и на француската репрезентација.
Биографија Рандал Коло Муани е роден на 5 декември 1998 година во Бонди, Сена-Сен Дени, од родители родени со конгоанско потекло родени во Киншаса.
Технички карактеристики Се смета за еден од најсилните напаѓачи во својата генерација, има физичка форма и инстинкт на централен напаѓач, но може да игра и како десно крило. Тој е добар изведувач на пенали, има одличен удар со глава како резултат на тоа што е многу силен во играта во воздухот, одлична брзина со топката во нозете, и може да шутне добро и со двете нозе. Во офанзивната фаза на играта се издвојува по ритамот во движењето и прецизноста на шутот.
Клупска кариера Нант Во своето детство, Коло Муани играл за неколку париски клубови како Вилпент, Трамбле и Торси, а во истиот период два пати бил и на проби во Италија во Виченца и Кремонезе, но сепак не потпишал договор со ниту една од двете екипи. Во 2015 година, тој се приклучил на академијата на Нант, а од 2016 година бил приклучен на вториот тим во Аматерското првенство на Франција.
На 12 февруари 2017 година, го добил првиот повик во првиот тим за натпреварот против Олимпик Марсеј а на 4 јуни 2018 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со клубот. На 30 ноември 2018 година, тој го направил своето деби за првиот тим заменувајќи го Маџид Варис во 68-мата минута од поразот со 3-0 на гости кај Сент Етјен во Лига 1; на 21 јануари 2019 година, тој го направил својот прв старт во поразот со 1–0 од Анже. На крајот од својата прва сезона како професионалец, тој забележал 6 настапи, сите во првенството, но главно како епизодист.
Во август 2019 година, Коло Муани се приклучил на третолигашот Булоњ на позајмица до крајот на сезоната. На 30 август, тој го направил својот прв настап со клубот во натпревар од Националното првенство на Франција против Авранш, додека својот прв гол за Булоњ го постигнал на 21 февруари 2020 година против Ле Пи 43. Во Булоњ, тој ги покажал своите квалитети и придонел со три гола и пет асистенции, помагајќи му на клубот да стигне до третото место во поредокот на првенството, кое завршило предвреме поради пандемијата на КОВИД-19.
Враќајќи се назад во Нант за сезоната 2020–2021, Коло Муани го постигнал својот прв гол за „канаринците“ во победата со 3–1 над . Тој постигнал 9 гола и исто толку асистенции во 37 првенствени натпревари, но клубот имал тешка сезона и завршил на седумнаесеттото место. Како резултат на тоа, тие западнале во баражот за испаѓање/промоција, каде требало да го одбранат својот статус во Лига 1 против Тулуза, победникот во плејофот на Лига 2. Во баражот, тој го постигнал победничкот гол во првиот натпревар во кој Нант победил во гости со 1-2, а потоа и покрај поразот со 0-1 на домашен терен клубот опстанал во лигата поради правилото гол во гости. Следната сезона, тој постигнал 12 гола на 36 натпревари во првенството, но исто така го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Франција каде придонел со пет настапи и еден постигнат погодок во четвртфиналето против Бастија.
Ајнтрахт Франкфурт На 4 март 2022 година, Коло Муани потпишал преддоговор со германскиот клуб од Прва Бундеслига, Ајнтрахт Франкфурт, на кој требало да му се приклучи по истекот на неговиот договор со Нант. Трансферот бил официјализиран на 1 јули 2022, кога тој потпишал петгодишен договор со клубот и одбрал да го носи дресот со бројот 9. Дебитирал за Ајнтрахт на 5 август во првенствениот натпревар против Бајерн Минхен загубен со 1-6, во кој го постигна и својот прв гол за „орлите“. Пет дена подоцна, тој го направил своето деби во некое Европско натпреварување, играјќи како замена во натпреварот од Суперкупот на УЕФА, во кое германците биле поразени со 2-0 од .
На 7 септември, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен со 0-3 од . За време на групната фаза, тој бил одлучувачки за својата екипа помагајќи му на клубот да се квалификува за следната фаза, за првпат во историјата на Ајнтрахт откако натпреварувањето го носи сегашното име: на 26 октомври, тој го постигнал победничкиот гол - негов прв во европските натпреварувања - за успехот со 2-1 на домашен терен над а во следното коло со уште еден решавачки погодок му донел победа на својот клуб на гости кај Спортинг Лисабон (1-2) за да го запечати пласманот на германците во осминафиналето.
На 7 февруари 2023 година, постигнал два гола во победата на домашен терен со 4–2 над Дармштат во Купот на Германија. Единаесет дена подоцна, тој го постигнал својот 10-ти гол во Бундеслигата против Вердер Бремен во победата со 2-0. На 21 февруари, тој го одиграл првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против , и бил исклучен - за првпат во кариерата - во 58-мата минута поради прекршок над Андре Замбо Ангиса. На 4 април, тој постигнал два гола во интервал помеѓу нив од само 93 секунди во победата со 2–0 над Унион Берлин во четвртфиналето на Купот на Германија. Својата прва сезона во Бундеслигата, Коло Муани ја завршил со 15 гола и додал уште 11 асистенции, што го направило трет најдобар стрелец во лигата и втор асистент. Одличните игри во текот на сезоната му донеле номинација меѓу кандидатите за освојување на Златната топка, завршувајќи на 28. место.
На 29 август 2023 година, во интервју за Скај Германија, Коло Муани јавно открил дека клубот од француската Лига 1, Париз Сен Жермен (ПСЖ) дал „рекордна понуда“ да го ангажира и изјавил дека „би сакал да се пресели во Париз“, и дека ги известил директорите на Франкфурт за својата желба. Последователно, тој одбил да тренира со Франкфурт и бил изоставен од составот за натпреварот против Левски Софија од Лигата на конференциите. Спортскиот директор Маркус Кроше го осудил однесувањето на Коло Муани, велејќи дека тоа нема да има „никакво влијание врз трансфер бизнисот“.
Париз Сен Жермен На 1 септември 2023, Париз Сен Жермен го објавил доаѓањето на Коло Муани од Франкфурт за 80 милиони евра плус 5 милиони евра во потенцијални бонуси, потпишувајќи со напаѓачот петгодишен договор.
На 15 септември, Коло Муани го направил своето деби со ПСЖ влегувајќи како замена во поразот со 3–2 од Ница, асистирајќи му на Килијан Мбапе за вториот гол на парижаните. Тој го направи своето деби во Лигата на шампионите и воедно својот прв старт за клубот во победата со 2-0 над Борусија Дортмунд четири дена подоцна. На 24 септември, го постигнал својот прв гол за ПСЖ во победата со 4–0 во Ле Класик дербито над Марсеј; во истиот натпревар, тој исто така, асистирал за вториот гол дело на Гонсало Рамош. На 25 октомври, дошол и неговиот прв гол во Лигата на шампионите со „светците“ во победата со 3–0 над Милан. До крајот на сезоната, тој постигнал девет гола и дал шест асистенции на 40 натпревари за ПСЖ, придонесувајќи за успесите во Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција. Повеќето набљудувачи заклучиле дека тој имал разочарувачка кампања, а и самиот Коло Муани изјавил дека сака „брзо да ја заборави“ својата прва сезона во Париз.
Следната сезона ја започнал како стартер во натпреварот против новопромовираниот Ле Авр, каде го постигнал голот со кој ги поставил конечните 4-1 во 90-тата минута. Како и да е, настапите на напаѓачот започнале да се намалуваат, по што тој постојано останувал надвор од списокот со играчи повикани од тренерот Луис Енрике. Поради ова, тој побарал од клубот да си замине за време на зимскиот преоден рок.
Позајмиците во Јувентус и Тотенхем На 23 јануари 2025 година, тој бил позајмен на , со кого потпишал договор со важност до 30 јуни истата година. Дебитирал како стартер два дена подоцна, во поразот со 2-1 на гостувањето кај , во кој го постигнал воведниот гол на крајот од првото полувреме. На 2 февруари, тој постигнал два гола во победата со 4-1 на домашен терен над , повторувајќи го истото во следниот натпревар, на гостински терен против , со новите два гола им помогнал на бјанконерите да ги однесат трите бода и да стане првиот играч кој постигнал 5 гола во неговите први 3 натпревари во Серија А. На 16 февруари, за време на Дербито на Италија против добиено од „бјанконерите“ со 1-0, тој забележал асистенција за голот кој го постигнал Франсиско Консеисао. Првенството го завршил со 8 постигнати гола, помагајќи му на клубот да заврши на четвртото место и да се квалификува за Лигата на шампионите. Последователно, тој учествувал со Јувентус и на Светското клупско првенство 2025, постигнувајќи два гола во првиот натпревар на турнирот против , добиен со 5-0.
Иако Јувентус направил напори трајно да го задржи напаѓачот во својте редови во летото 2025 година, сепак раководството на „бјанконерите“ не успеало да се договори со Париз Сен Жермен околу износот за надоместот, па наместо тоа на 1 септември 2025 година, Коло Муани му се приклучил на на позајмица до крајот на сезоната. Својот прв настап за клубот го забележал на 16 септември, влегувајќи како замена во 77-мата минута при домашната победа од 1–0 над во Лигата на шампионите. Сепак, во текот на следната недела, тој претрпел повреда на мускулот на ногата по судир на тренинг со соиграчот Пап Матар Сар. Своето враќање на терените Коло Муани го направил на 19 октомври, кога го забележал и својот прв настап во Премиер лигата, влегувајќи како замена во 79-тата минута при поразот на Тотенхем со 1–2 од . Својте први голови (два) за Тотенхем ги постигнал на 26 ноември во поразот со 5–3 од ПСЖ во Лигата на шампионите. На 22 февруари 2026 година, тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во поразот со 1–4 од Арсенал во севернолондонското дерби. Искуството во Англија го завршил со вкупно 41 одигран натпревари и 5 постигнати гола.
Враќање во Јувентус На 2 август 2026 година, Коло Муани се вратил во , овојпат со перманентен трансфер, потпишувајќи договор со важност до 30 јуни 2031 година. Своето второ деби во црно-белиот дрес го имал на 23 август, во првенствениот натпревар добиен со 1-0 на гостувањето кај Фрозиноне. По првите четири првенствени натпревари без постигнат гол, во првиот натпревар од Лига Европа против , влегувајќи од клупата за резерви, тој асистирал за голот на Зеки Челик за 4-0, а потоа го постигнал и првиот гол по неговото враќање во Јувентус, со кој го поставил конечниот резултат од 5-0.
Репрезентативна кариера Под 21 година и Олимписка репрезентација Првиот повик за својата земја, Коло Муани го добил во француската репрезентација под 21 година, за која дебитирал на 8 октомври 2020 во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021 против Лихтенштајн добиен со резултат 5-0. Во март следната година, тој бил вклучен во списокот на играчи повикани за првата фаза на Европското првенство 2021, каде ги одигра сите три натпревари. Подоцна, поради неговиот ангажман во баражот за опстанок со Нант, тој не бил повикан за последната фаза од натпреварувањето и бил заменет во составот од Арно Калимуендо.
На 25 јуни 2021 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри 2020 во Токио; тој ги одиграл сите три натпревари во групата во која Франција била елиминирана со една победа и два порази, добивајќи директен црвен картон во последниот натпревар против домаќинот Јапонија, загубен со убедливи 0-4.
Сениорска репрезентација На 15 септември 2022 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Франција, правејќи го своето деби на 22 септември против (2-0) во УЕФА Лигата на нации, влегувајќи како замена за Килијан Мбапе во последните минути од натпреварот. Иако првично не се нашол на списокот за Светското првенство 2022 во Катар, последователно Коло Муани бил повикан од селекторот Дидје Дешан, на местото на повредениот Кристофер Нкунку.