Енциклопедија на Република Српска е името на енциклопедија посветена на Република Српска. Според Законот за енциклопедија на Република Српска, енциклопедија се дефинира како општа енциклопедија за минатото и сегашноста на Република Српска.Енциклопедија Републике Српске - лична карта Српске
Творец и издавач на Енциклопедијата на Република Српска е Академијата на науките и уметностите на Република Српска. Редакцискиот одбор на Енциклопедијата на Република Српска беше назначен од Владата на Република Српска врз основа на предлог на АНУРС. Средствата за создавање на енциклопедијата биле обезбедени од Министерството за наука и технологија на Република Српска и Министерството за образование и култура на Република Српска, односно енциклопедијата е финансирана од Владата на Република Српска од нејзиниот сопствен буџет. Претседател на уредувачкиот одбор е поранешниот претседател на Република Српска и претседател на Академијата на науките и уметностите на Република Српска Рајко Кузмановиќ. Редакцискиот одбор се состои од 28 стручни редакции, повеќе од 150 научни работници од Република Српска и пошироко, и стручни редакции организирани на нивоа на градови и општини на Република Српска.Енциклопедија Енциклопедија Републике Српске. 3, Д-Ж
Томови Енциклопедија на Република Српска е публикувана како енциклопедија од општ карактер, која ги обработува сите теми од општо значење за Република Српска. До крајот на 2023 година биле објавени пет тома. Се обработуваат буквите од А до Л.
Историја Законот за енциклопедијата на Република Српска бил донесен во Народното собрание на Република Српска, а објавен во Службен весник на Република Српска под број 01-778/07 на 3 мај 2007 година. Во 2007 година, Владата на Република Српска формирала Редакциски одбор под покровителство на Академија на науките и уметностите на Република Српска.Енциклопедија Енциклопедија Републике Српске. 3, Д-Ж
Наводи
Надворешни врски Народна скупштина Републике Српске: Закон о Енциклопедији Републике Српске Академија наука и умјетности Републике Српске: Друга сједница Уређивачког одбора Енциклопедије Републике Српске 30. јануар 2008. Антић. орг: Енциклопедија Републике Српске 17. децембар 2007. Радио телевизија Републике Српске: „Енциклопедија Републике Српске“ — обиман посао 9. 7. 2009. Радио телевизија Републике Српске: АНУРС- ГОДИШЊА СКУПШТИНА 15. 12. 2009.
Категорија:Литература на Република Српска Категорија:Енциклопедии на српски јазик Категорија:АНУРС