мини|Додатоци и алати за производство на јаже. Музеј „Семберија“ во Бјелина. Јажарски занает е традиционален занает за рачна изработка на јажиња. Јажар е мајстор занаетчија кој произведува јажиња, ортоми, врзми, огламници, пајвани, папрази, стремени, потпашници, оглав, водила и друго со долги и силни жици создадени со извртување на меѓусебно поврзани нишки. Во минатото, јажарите биле меѓу водечките занаетчии. Најмногу се произведувале јажиња за сточарство.
Историја Отпечатоци од јажиња пронајдени на печена глина даваат доказ за технологијата на изработка на јажиња во Европа, која датира од пред 28.000 години. Фосилизирани фрагменти од „веројатно двослојно поставено јаже со дијаметар од околу 7 мм биле пронајдени во една од пештерите во Ласко, кои датираат приближно 17.000 години.
Начин на изработка Јажињата порано се правеле исклучиво од природни материјали како памук, коноп или лен, но денес, тие се направени исклучиво од синтетика и пластика.
Најпрво се собираат влакната, па се чешлаат и се исправаат во специјална машина од која излегуваат во вид на долги ленти. Неколку такви ленти се виткаат неколку пати за да се добие јаже со саканата дебелина. Со добиената дебелина на конецот потоа рачно се плетеле коланите, уздите и стремените. Јажињата тогаш биле сивкави и униформни, но денес клиентите можат да избираат јажиња во различни бои. Порано без јажиња не можела да се замисли ниту една куќа. Јованка од Охрид е еден од старите јажарски занаетчии кои цели 40 години плетела јажиња од коноп. Нејзините јажиња денес се купуваат само од носталгичари и љубители на старите занаети. Денес ги има на секој агол по продавниците но тие се изработени од синтетика и пластика ретко може да се најдат јажиња од коноп. Благородна од Велес е последната ортомарка кој се занимава со овој занает и изработува огламници, јажиња и сл од коноп. Таа е ретките жени јажари која поседува меѓународен сертификат за изработка на јажиња со кои се чистат пушките на полицијата и војската. Занает кој е веќе во изумирање.
Алатки и прибор Во својата јажарска работа јажарите користат:
суровини од кои се прават јажиња: памук, коноп, лен, пластика. нож ножици тркало за јаже (тркало за вртење ) кука за држач за конец. машина за плетење на конопот
Јажињата некогаш се изработувале исклучиво од природни материјали, како што бил конопот, но во поново време се изработувале исклучиво од синтетика и пластика. Јажињата некогаш биле сивкасти и униформни, но во поново време, купувачите можело да изберат јажиња во различни бои.
Галерија
Поврзано
Јаже Јажар
Наводи
Надворешни врски
Како настанал занаетот Ужар - Легендата за Свети Сава Кога занаетчиството вредеше злато
Категорија:Занаети