Франко Негри (роден на 20 февруари 1995, во Сан Мартин) е аргентински фудбалер, или од средниот ред на Сан Диего.

Технички карактеристики Неговата примарна позиција е лев бек, но исто така, може да игра и како лево крило.

Клупска кариера Негри ја започнал својата кариера во Сан Лоренцо, на кој му се приклучил во 2012 година од клубот од неговиот роден град Сан Мартин Мендоса. На 22 август 2016 година, Килмес, клубот од аргентинската Примера Дивисион го завршил потпишувањето на Негри на позајмица. Таму тој го направил неговото деби во професионалната кариера, појавувајќи се на теренот на 22 октомври кога Килмес го победиле Ланус со 1–0 на Стадион Сентенарио Сиудад де Килмес. Потоа следеле уште 12 други настапи во сите натпреварувања во текот на сезоната 2016–2017, што завршила со испаѓање за Килмес. Во септември 2017 година, Негри повторно заминал на позајмица за да игра за Индепендиенте Ривадавија од Примера Б Насионал. Во сезона 2017–2018 настапил на 18 натпревари.

Индепендиенте Ривадавија потпишала со Негри трајен договор на 30 јуни 2018 година. Тој го постигнал својот прв гол во кариерата на 2 септември против Сентрал Кордоба. Следните голови кој ги постигнал биле во натпреварите против Химнасија Хухуј, Депортиво Морон, поранешниот клуб Килмес и Платенсе за време на сезоните 2018–2019 и 2019–2020. Во октомври 2020, Негри потпишал за друг клуб од Примера Б, Белграно. Тој играл само четири пати за нив во скратената сезона 2020, пропуштајќи ги другите три натпревари делумно поради суспензија. На 24 февруари 2021 година, Негри се приклучил на тимот од Примера Дивисион, Њуелс Олд Бојс со слободен трансфер.

На 10 февруари 2022, Негри потпишал за Годој Крус, за кој настапувал една сезона.Franco Negri se transformó en nuevo jugador de Godoy Cruz, diariouno.com.ar, 10 February 2022 На 11 јануари 2023, Негри за првпат ја напуштил Аргентина и ја продолжил својата кариера во странство, потпишувајќи за американскиот клуб од МЛС лигата, Интер Мајами. во кој подоцна му се приклучил и неговиот многу попознат сонародник и осумкратен добитник на Златната топка, Лионел Меси. Своето деби во МЛС го направил на 26 февруари 2023, во победата со 2-0 на домашен терен против . Својот прв гол го постигнал на 26 март 2023, во поразот на домашен терен од со 2-3, во кој покрај голот забележал и асистенција за вториот гол на Интер Мајами кој го постигнал сонародникот Николас Стефанели. На 25 јуни 2023, тој ги скинал лигаментите на коленото, повреда поради која морал да ја заврши сезоната и не можел да даде свој придонес во освојувањето на Купот на лигите, што бил неговиот прв освоен трофеј во кариерата.

Негри се вратил во акција на 7 април 2024 година, започнувајќи го натпреварот против (2-2), во кој забележал и асистенција за голот што го постигнал Меси. Во втората сезона со Интер Мајами, тој одиграл само 11 натпревари, без постигнат гол, придонесувајќи за освојувањето на Supporters' Shield трофејот. По завршувањето на сезоната 2024, тој бил отпуштен од клубот.

На 19 декември 2024 година, Негри потпишал едногодишен договор со новиот клуб во МЛС, Сан Диего.https://www.sandiegofc.com/news/san-diego-fc-signs-argentine-defender-franco-negri

Статистика Клупска статистика

Титули Интер Мајами Supporters' Shield : 1 2024 Куп на лигите : 1 2023

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Интер Мајами Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година