мини| Руската православна катедрала во Бишкек Христијанството во Киргистан има долга историја, најраните археолошки остатоци од цркви кои припаѓале на Црквата на Истокот во денешен Сујаб датираат од 8-миот век. До 9-тиот век, надбискупијата на Црквата на Истокот се грижела за христијаните на територијата на Киргистан и соседните области во источен Туркестан. Иако христијанските заедници биле примарно турски, до 14-тиот век постоела и ерменска заедница во денешен Киргистан. Сепак, тие не опстанале по 15-тиот век, кога исламот се здобил со надмоќ на оваа територија.

Демографија Во 2020 година, бројките покажале дека 4,39% од населението на Киргистан биле Христијани, при што 3,53% од населението се идентификувале како православни, 0,31% како протестанти, 0,01% како католици и 0,61% како други христијани. World Religion Database on the ARDA website, retrieved 2023-08-08

Источното православно христијанство е најголемата христијанска деноминација во Киргистан, при што членството главно го сочинуваат етничките Руси и Украинци во земјата. Мало малцинство етнички Германци се исто така христијани, главно лутеранци и анабаптисти, со баптисти, пентекосталци, евангелисти и адвентисти исто така активни во земјата.US State Dept 2022 reportReligion in Kyrgyzstan Најмалку 92.000 христијани се од етнички групи каде мнозинството се муслимани.

Дискриминација на христијаните била пријавена во 2022 година.Open Doors website

Една студија од 2015 година проценила дека околу 19.000 христијани од муслиманско потекло живеат во земјата, иако не сите се нужно државјани на Киргистан. Додека други научници го процениле вкупниот број на муслимански Киргизи кои се преобратиле во христијанство помеѓу 25.000Religion and the Secular State in Kyrgyzstan и 50.000, иако владата ја оспорува таа бројка.Kyrgyzstan keeps a tight grip on religion Точниот број на муслимански Киргизи кои се преобратиле во христијанство се разликува, но проценката од околу 20.000 е општо прифатена меѓу научниците.

Православна црква мини| Руската православна црква Света Троица во Каракол, Киргистан. Современата историја на православието во Киргистан датира од инкорпорирањето на земјата во Руската империја кон крајот на 19 век. Првите парохии во Киргистан биле отворени во Бишкек, Нарин и Ош во 1870-тите години при градењето на руски тврдини во земјата. Воените парохии конечно биле признати како редовни парохии со зголемувањето на влијанието на Руската православна црква во Киргистан. Во 1871 година Светиот синод на Руската православна црква основал епархија - Епархијата на Ташкент и Туркестан - за нејзините нови заедници во Средна Азија, при што новите парохии во Киргистан биле под нејзина власт. До времето на Руската револуција во 1917 година имало над 30 цркви на територијата на денешен Киргистан. На оваа територија се наоѓал и еден од трите православни манастири во Средна Азија во тоа време, манастирот Света Троица на брегот на езерото Исик Кул.

За време на советската ера, православието во Киргистан страдало прогонство како и во другите територитории на СССР. Свештенството и мирјаните биле убивани од новите власти и многу цркви биле затворени и уништени. Како резултат на олеснувањето на прогоните за време на Втората светска војна, многу цркви биле повторно отворени, со триесет и две активни во Киргистан до 1946 година. Осум подоцна биле затворени по започнувањето на новите прогони под Хрушчов.

Од распадот на Советскиот Сојуз, бројот на православни парохии во Киргистан бил речиси двојно зголемен на четириесет и четири. Бил основан и нв женски манастир во Кара-Балта во северниот дел на Киргистан. Во 2011 година Светиот синод на Руската православна црква одлучил да ја оддели Православната црква во Киргистан од Епархијата Ташкент и да ја формира како самостојна епархија, Бишкекската епархија под бискупот на Бишкек и Киргистан. Новата епархија била вклучена во црковната провинција на Средна Азија.

Римокатоличка црква Во овој регион Католичката црква била присутна уште во 14-тиот век, главно на територијата на денешен Казахстан. Римокатоличките мисионери доаѓале во Киргистан главно од Кина до крајот на 19-тиот и 20-тиот век. Од 1918 до 1930 година, областа Киргистан потпаднала под парохијата на Ташкент. Во 1937 година започнал прогон на Римокатоличката црква, а црквите биле уништени и сите свештеници биле депортирани или погубени. Во тоа време, поради масовните депортации во Средна Азија кои немале паралели дури ни во ерата на царот, имало прилив на католици од областа на Волга, Украина, Полска и областа околу Балтичкото Море. На 13 мај 1991 година, била создадена апостолската администрација на Казахстан и Средна Азија која вклучувала пет постсоветски централноазиски републики, од кои четири подоцна добиле статус на мисија sui iuris - вклучувајќи и црквата во Киргистан на 22 декември 1997 година. Sui iuris значи дека станува збор за автономна единица – независна правна личност, заснована на сопствената дисциплина, наследство или култура – но сепак во целосна заедница со папата во Рим.Kokaisl, Petr; Kokaislová, Pavla The Kyrgyz - Children of Manas. Кыргыздар – Манастын балдары. Prague / Прага: Alterra and Za hranice: Společnost pro rozvojovou spolupráci při Provozně ekonomické fakultě ČZU v Praze. Fellowship for development cooperation, 2009. , p. 103-106.

Во Киргистан во 1999 година имало 268 католици. Дел од нив биле потомци на германски, полски, латвиски и литвански депортирани лица, а дел државјани на други држави (дипломати, вработени во меѓународни организации и слично).

На 18 март 2006 година, била основана апостолската администрација во Киргистан (дефинирана како регион под управа на кој било свештеник овластен од папата), денес под управа на бискупот Николас Месмер, кој бил роден (слично како и неговиот претходник во администрацијата, Александар Кан) во Караганда. Врската со казашката епископија е многу силна, а католичката литература и химни се печатат во Казахстан.

Во главниот град Бишкек има црква (меѓу придружните општества спаѓаат Беловодское, Чалдибар, Туз, Нурманбет, Ивановка, Искра, Нижевосточное, Камишановка, Октјабрское), а богослужбите во Талас се одржуваат во купена куќа. Постои и новооснована парохија во јужниот дел од Киргистан (Џалалабад и Ош), како и парохија во Каракол.

Во Бишкек, до денес, Римокатоличката црква се поврзувала со германското население и затоа црквата порано била означена како „германска“ од Киргизите (немецкая церковь) - спротивно на православната црква, која се сметала за „руска“ (русская церковь). Помеѓу посетителите на црквата (освен странците) има и бишкекци со германско потекло (иако не зборуваат германски), како и потомци на Полјаци. мини| Надгробен споменик од Киргистан (тринаесетти/четвртинаесетти век) со сириски христијански натписи.

Поврзано

Религија во Киргистан Римокатолицизам во Киргистан

Наводи

Надворешни врски

Библијата на киргистански јазик Несторијанството меѓу киргиските племиња

Категорија:Религија во Киргистан Категорија:Христијанството во Киргистан