Портанова — трговски центар во западниот дел на Осиек, Хрватска.Portanova official web site/About us . Date accessed 25 October 2011 Според Меѓународниот совет на трговски центри, Портанова има големина од 7,900 м² со 40,240 м² бруто површина за изнајмување. Овој трговски центар служи како регионален центар и има посетители од повеќе делови од Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Србија и други земји.Seenews, Portanova Mall in Croatia's Osijek 90% Prelet, To Open on 24 March – CBRE, 18 March 2011
Историја мини| Градилишта на Портанова. Првичниот концепт и план за изградба на центарот започнал во 2007 година, а градежните активности на местоположбата започнале на 15 мај 2009 година откако биле издадени сите дозволи.
Финансиски инвеститор во трговскиот центар Портанова е „Амплитудо Д.О.О“, додека градежните активности ги извршиле повеќе тимови од различни претпријатија. Кога трговскиот центар Портанова ги отворил своите врати за јавноста на 24 март 2011 година, тој бил шестиот најголем трговски центар во Хрватска.
Името на центарот, Портанова или буквално „нова врата“, одразува термин кој се базира на локалната средина и на локацијата на западниот влез во градот Осиек.
Центарот има три нивоа (од кои две се за комерцијална и малопродажна употреба, а преостанатото е за рекреативна употреба). На локацијата има повеќе од 1.600 бесплатни паркинг места, поделени помеѓу подземната гаража на центарот, земјиштето околу центарот и покривот на центарот.Надило, Бранко (2009.), Business-shopping center Portanova in Osijek
Архитектура мини|240x240пкс| Архитектонски дизајни и концепти за локацијата. Структурата е со вкупна површина од 20.000 м². Висината на објектот се движи од 15 до 22 м, зголемувајќи се од едната на другата страна низ приземјето, 1-виот и 2-риот кат и гаражата во подрумот. Зградата била изградена претежно од бетон и челик, користејќи темнокафеави бетонски панели и бакарни метални лимови кои се во контраст со белите цементни лимови.Chapman Taylor Architetti, principal architect, Archilovers, (2011.), Portanova on Archilovers, Date Accessed 27 October 2011.
Главната визија за проектот била да се развие скулпторска зграда што се интегрира во урбаниот пејзаж, а воедно претставува висок визуелен ефект во согласност со принципите на современата минималистичка архитектура.
Зградата има облик на огромна карпа поставена на земја, со влезови сместени во области каде што се чини дека парчиња од карпата се откршени. Засеците во карпата дефинираат три различни волумени поврзани заедно со трговските центри, кои го формираат јадрото на зградата.Ivandić,I.; Lovrić,T.; Harapin,A. (2011.), Structural system of the shopping mall Portanova in Osijek центар|мини|600x600пкс| Портанова ноќе.
Продавници Иако во Портанова има широк спектар на малопродажни објекти, некои главни закупци кои се издвојуваат од другите закупци се хипермаркетот Конзум, H&M, Милер, Зара, C&A, Њу Јоркер и мултиплекс киното Блиц-Синестар. Киното „Блиц-Синестар“ е дел од забавниот дел кој се наоѓа на вториот кат, кој содржи и куглана, казино и гастрономски услуги.
Местоположба Трговскиот центар Портанова се наоѓа на 4.5 км западно од центарот на градот Осиек, со редовна автобуска линија што го поврзува трговскиот центар со градот. Портанова е лесно достапна и преку јужната обиколница и пристапните патишта, што им овозможува на речиси 600.000 луѓе да стигнат до центарот со едночасовно возење.
Трговскиот центар се наоѓа во метрополитенската област Осиек, што го прави достапен од цела источна Славонија и Барања, вклучувајќи ги и градовите Валпово (25 км), Белишќе (28 км), Бели Манастир (32 км), Винковци (40 км), Вуковар (47 км), и Нашице (51 км) .
Поврзано
Меѓународен совет на трговски центри
Наводи
Надворешни врски
Синестар Осиек Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Трговски центри Категорија:Економија на Осиек