„Лаура“ (англиски: Laura) – филм на режисерот Ото Премингер (Otto Preminger) од 1944 година, снимен по сценариото на Џеј Дратлер (Jay Dratler). Главните улоги ги играат: Дејна Ендрјуз (Dana Andrews), Џин Тирни (Gene Tierney), Винсент Прајс и Клифтон Веб (Clifton Webb). Кинематограферот Џозеф Ла Шел ја освоил нагрдата „Оскар“ за својата работа. Музичката тема на Дејвид Раксин, која станала еден од најпрепознатливите мотиви во филмската историја, дополнително ја збогатува атмосферата на филмот, создавајќи чувство на меланхолија и неизвесност. „Лаура“ се смета за ремек-дело и едно од најдобрите остварувања во жанрот „филм ноар“. Комбинирајќи мистерија, романса и психолошка длабочина, филмот ја истражува темата на опсесијата и идеализацијата и носи моќна порака за природата на вистината и илузиите.Кинотека на Македонија, Програма април 2025 (пристапено на 9.5.2025)

Синопсис Полицаецот-детектив Марк Мекферсон (Дејна Ендрјуз) ја истражува таинствената смрт на млада жена, која била застрелана во лицето. Се смета дека жртвата е прекрасната директорка за рекламирање Лаура Хант (Џин Тирни). Мекферсон ги проучува сите аспекти од животот на Лаура, вклучувајќи ги и двајцата мажи кои ја познавале најдобро: нејзиниот ментор – постариот, арогантен новинар Валдо Лајдекер (Клифтон Веб) и нејзиниот свршеник, Шелби Карпентер (Винсент Прајс). Преку нивните раскажувања во форма на ретроспективи, преку писмата на Лаура и најмногу од сè, преку нејзиниот мистичен портрет, Мекферсон станува романтично опседнат со младата жена...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1944 година Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филм ноар Категорија:Филмови на 20th Century Fox Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Филмови на Ото Премингер Категорија:Филмови со Џин Тирни Категорија:Филмови со Винсент Прајс Категорија:Филмови со Дејна Ендрјуз Категорија:Филмови со Клифтон Веб Категорија:Црно-бели филмови