„Љубопис“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски од 1980 година.

Содржина Збирката ги содржи следниве песни: „Песна за тревата меѓу нашите ребра или песна за татковината“, „Тројца војници“, „Чекајќи го синот“, „Запис за црвените ветрови“, „Запис за учителот“, „Гавран“, „Арсенија од дебарцко и гарцко“, „Татковина“, „Воскресение“, „Крстот на овчарот“, „Лузна“, „Старата учителка“, „Запис на некогашниот командант“, „Татковото писмо“, „Јаве во долината на животот“, „Оган спроти Велигден“, „Зад сенките на дождовите“, „Во домот на старецот“, „Запис на трагите“, „Последниот псалм на соседот в постела“, „Правта твоја“, „Ѕидниот часовник“, „Сонот на монахот“, „The yellow Christ“, „Сонца и молитви“, „Спроти Велигден“, „Откорнатици“, „Запис за мајките од егејско“, „Урнатини на мислата“, „Одново ноќва“, „Монах стои пред портите манастирски“, „Неизречен збор“, „Крај на летото“, „Песната на мајсторот“, „Непознатата“, „Девојка на бунарот“, „Есени, сам крај огниште“, „Спроти првиот збор“, „Летник 1977“, „Оган во пределот“, „Рута од древниет книги“, „Сонот на детето“, „Ужичка 15“, „Гледачка на кафе“, „Пладне кога минува девојката“, „Да се наслика“, „Гумно“, „Монолог на Изабела додека го гледа дождот“, „Девојката што поѕвони на нашата врата“, „Трпеза“, „Велигденчиња“, „Момина солза“, „Постелата на старецот“, „Ноќеска во твојата постела“, „Не смеам да заспијам — ќе ми исчезне сонот“, „Тагата на поштарот“, „Да си замислиш еден прозорец“, „На пладнина во август“, „Белиот дуќан“, „Кога ноќевавме во Кавала“, „Кога престана дождот“, „Птица на детството“, „Има таква ноќ“, „Тажаленки над морето“, „Вратете се скитачки што го множите сонцето“, „Студена постела на огнот“, „Траги“, „Запис на цвеќарот“, „Бездетниот Исус“, „Незнајна, што ме ништиш“, „Улам на твоите усни во кои заоѓа сонцето“, „Загледан во книгата на родените“, „Полноќна глутница“, „Чудесни птици што нè надлетуваат“, „Некогаш кога цутеа црешите“, „Македонски именки“, „Непроштено“, „Адам и Далјана“, „Втролум“, „Адамово и Давидово“, „Црно калуѓерче“, „Небесна вдовица“ и „Вампирче“.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 155-242.

Осврт кон делото Според, Слободан Мицковиќ, во „Љубопис“ (исто така и во „Тајнопис“), Поповски се враќа поблиску до своите почетоци, особено до циклусот „Косачи“ од збирката „Вардар“. Говорот на поетот е целосно персонализиран, а поетското „јас“ е стожерот на песните при што поетот се поставува во улога на говорител, а песната произлегува јасно од неговиот внатрешен свет, без никакви посредници. Поетот, на одреден начин, се враќа кон интимната, исповедна поезија, но таа е искористена на поинаков начин. Имено, Поповски не го искажува сопственото битие со внатрешните пориви, туку разновидните сензации на светот и животот ги прави и ги доживува како свои, го промислува светот како сопствен и како последица на тоа, репертоарот на песните станува широк, хетероген, сложен и слоевит.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 541-542.

Наводи

Категорија:Дела на Анте Поповски Категорија:Книги од 1980 година Категорија:Појавено во 1980 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1980 година Категорија:Македонски стихозбирки