Мистрија (грчки μύστρον) — најважна алатка на ѕидарот во ѕидарските и малтерисувачките работи, која се состои од рамна челична плоча со дебелина од околу 1,5 до 2 милиметри, со триаголен или трапезоиден облик, поврзана со рачката со спој во S-облик направен од челична прачка со пречник од околу 8-10 милиметри. Должината на страната на плочката треба да одговара на должината на стандардната тула, така што малтерот, кога се нанесува на тулата, ја покрива целата нејзина должина. Алатката завршува со дрвена рачка.Der Heimwerker. Verlag Das Beste, 1975, Stuttgart, s. 160

Се користи за нанесување и размачкување на градежен малтер при градење ѕидови (ѕидење) и за нанесување на малтер при рачно малтерисување.

Мистрија со еден изострен раб е алатка што се користи во археологијата.

Галерија

Наводи

Категорија:Алатки Категорија:Ѕидарство Категорија:Грцизми