мини| Ролна хартиени крпи (кујнска ролна) Хартиената крпа — впивлива, направена од хартија и за една употреба. Хартиените крпи за кујнска употреба се познати и како кујнски ролни, кујнска хартија или кујнски крпи. Хартиените крпи за домашна употреба најчесто се продаваат во ролна од перфорирани листови, но исто така се продаваат во ролни од претходно исечени и претходно превиткани слоеви за употреба во диспензери за хартиени крпи. За разлика од платнените крпи, хартиените крпи се за еднократна употреба. Имаат моќ да апсорбираат вода бидејќи се лабаво ткаени, што овозможува водата да навлезе меѓу влакната, (капиларен ефект). Имаат слична намена како конвенционалните крпи: сушење раце, бришење прозорци и други површини, бришење прашина и чистење на истурени течности. Дозаторите за хартиени крпи најчесто се користат во тоалетите што ги делат многу луѓе (како што се училиштата или трговските центри), бидејќи често се сметаат за похигиенски од сушачите за раце со топол воздух или платнени крпи.

Историја Првите тоалетни марамчиња ги развила компанијата ,,Скот Пејпер“ во 1097-мата година, со седиште во Филаделфија.

Вилијам Е. Корбин, Хенри Чејс и Харолд Тајтус започнале да експериментираат со хартиени крпи во 1919-тата година. До 1922 година, Корбин го усовршил нивниот производ и започнал со масовно производство во фабриката Каскејд на линијата Берлин/Горам. Овој производ се викал „Ниброчни хартиени крпи“ (зборот Корбин напишан наназад ). Во 1931 година, компанијата за хартија „Скот“ ги вовела своите ролни од хартиени крпи за кујнска употреба.

Хартиените крпи најчесто се користат за сушење раце во јавните тоалети, меѓутоа, во 21 век, електричните сушари со млазен воздух станале подоминантни. Иако не постои јасен научен консензус за тоа кој метод е похигиенски, индустријата за хартиени крпи и производителите на сушачи за раце, како што е „Дајсон“, се обиделе да се дискредитираат меѓусебно со финансирање студии кои поттикнуваат сензационалистички наслови и објавување реклами. Битката за односи со јавноста била поттикната и од непријателството меѓу двете страни.

Производство Хартиените крпи се произведуваат од девствена (првична) или рециклирана хартиена пулпа, која се извлекува од дрво или растителни влакна. Понекогаш при процесот на производство се избелуваат а може да бидат и украсени со шарени слики (како цвеќиња или мечиња). За подобрување на влажната цврстина се користи одредена големина на смолa Хартиените крпи се пакуваат поединечно и се продаваат како сноп, или навиткани на ролна, и се достапни во две различни вида: домашни и институционални.

Тоалетните марамчиња во Северна Америка, вклучувајќи ги и хартиените крпи, се поделени на потрошувачки и пазар за комерцијална употреба, при што употребата во домаќинствата сочинува приближно две третини од вкупната потрошувачка во Северна Америка. Комерцијалната употреба, односно секоја друга употреба надвор од домаќинството, ја сочинува преостанатата третина од потрошувачката во Северна Америка. Растот на комерцијалната употреба на хартиени крпи се должи на преминот од употреба на превиткани крпи (на пример, во јавните тоалети) кон диспензери за ролни крпи, што ја намалува количината на хартиени крпи што ги користи секој корисник.

Американците се најголеми корисници на хартиени крпи во домот по глава на жител, со приближно 24 килограми годишна потрошувачка по глава на жител (комбинирана потрошувачка приближно 7.8 милиони тони годишно. Ова е за 50% повисоко отколку во Европа и речиси 500% повисоко отколку во Јужна Америка. Наспроти нив, луѓето на Блискиот Исток претпочитаат платнени крпи за повеќекратна употреба, а луѓето во Европа им даваат предност на сунѓерите за чистење за повеќекратна употреба.

Еколошки проблеми Хартиените крпи се глобален производ со растечко производство и употреба. Бидејќи се втори по потрошувачка на хартиени крпи, веднаш по тоалетната хартија (36% наспроти 45% во САД), употребата на хартиените крпи, кои најчесто не се рециклираат, има глобално негативни ефекти врз животната средина. Сепак, постојат хартиени крпи направени од рециклирана хартија.

Како алтернатива на хартиените крпи за раце се користат електричните сушачи за раце. Сепак, хартиените крпи се побрзи од сушачите за раце: по десет секунди, хартиените крпи достигнуваат 90% сувост, додека на сушачите со топол воздух им се потребни 40 секунди за да се постигне слична сувост. Електричните сушачи за раце може да шират бактерии и на рацете и облеката. Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Покуќнина Категорија:Производи за лична хигиена Категорија:Средства за чистење Категорија:Хартиени производи Категорија:Рециклирање Категорија:Отпад