Здружение за анаеробна дигестија и биогас (АДБА), порано Здружение за анаеробна дигестија и биогас, е трговско здружение со седиште во Обединетото Кралство, кое се ангажира за да ги популаризира здруенијата кои работаат врз активностите за анаеробна дигестија и биогас.

АДБА е основана во септември 2009 година од Лорд Редесдејл заедно со 10 компании-основачи-членки со цел да ги претставуваат интересите во оваа индустријата.

АДБА се стреми да го промовира развојот на индустријата за анаеробна дигестија низ цела Велика Британија, со цел и план ова да се постигне во рок од една деценија од нејзиното основање. Основната заложба е да ги елиминираат бариерите со кои се соочуваат организациите во оваа област.

Свесни дека не постоела индустриска група која ексклузивно ја претставувала индустријата за анаеробна дигестија во Велика Британија (претходно Здружение за обновлива енергија и Здружението за рециклирање на органски матери, оформиле групации кои биле поврзани со анаеробната дигестија.

АДБА била формирана од голем број компании со седиште во Велика Британија кои се специјализирани за технологии за анаеробна дигестија, вклучувајќи ги, Кларк Енерџи, Ентек, и Монсал.

Во текот на своето релативно кратко време на постоење, АДБА извршила голем придонес придонеси во развојот на законодавството, вклучително и промовирање на повисоки износи за тарифи преку кои е зголемено инвестирањето во обновливите извори на енергија за постројки за дигестија и платформа за тргување со јаглеродни соединенија од биометан. Денес во ова специфично движење се вклучени над 370 компании-членки.

На 1 октомври 2014 година, АДБА објавила дека го менува своето име во Здружение за анаеробна дигестија и биоресурси, „како одговор на брзото менување наполитички и економски пејзаж“ или поедноставно како резултат на проширувањето на опсегот не нејзиното делување

Надворешни врски Веб-страница на Здружението за анаеробна дигестија и биоресурси

Категорија:Анаеробна дигестија Категорија:Биоенергија во Обединетото Кралство Категорија:Биоенергија организации Категорија:Професионални здруженија со седиште во Обединетото Кралство Категорија:Отпад