Џон Вик 4 () — американски неоноарски акционен трилер, режиран од Чад Стахелски, според сценарио на Шеј Хатен и Мајкл Финч, како продолжение на „Џон Вик 3: Парабелум“ од серијалот „Џон Вик“, во кој глумат Кијану Ривс, заедно со Дони Јен, Бил Скарсгорд, Рина Савајама, Хиројуки Санада, Кленси Браун, Марко Зарор, Скот Адкинс, Лоренс Фишберн, Ленс Редик и Ијан Макшејн. Тоа е првиот филм од серијалот што е направен без учество на Дерек Колстад, творецот на ликот Џон Вик и сценаристот на претходните три филма.

Премиерата на филмот во САД била на 24 март 2023 г., а во Македонија на 23 март истата година.

Содржина Џон Вик открива пат кон победата над Високата маса. Но пред да може да ја заработи својата слобода, Вик мора да се соочи со нов непријател со моќни сојузи низ целиот свет и сили што ги претвораат старите пријатели во непријатели.

Улоги

|Кијану Ривс |Џон Вик |- |Дони Јен |Кејн |- |Бил Скарсгорд |маркиз Винсент Бисе де Грамон |- |Лоренс Фишберн |Кралот на Бауери |- |Хиројуки Санада |Шимазу Коџи |- |Шамиер Андерсон |Господин Никој / Трагачот |- |Ленс Редик |Харон |- |Рина Савајама |Шимазу Акира |- |Марко Сарор |Чиди |- |Скот Адкинс |Кила Харкан |- |Кленси Браун |Харбинџер |- |Ијан Макшејн |Винстон Скот |- |Наталија Тена |Катја |- |Џорџ Георгиу |Старешината |- |Бриџит Мојнахан |Хелен Вик

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Филмови со Кијану Ривс Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment