Месен народен одбор Гара Зелениково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Историја Месниот народен одбор Гара Зелениково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор припаднал под Скопската Околија, со истите шест населени места.

Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Гара Зелениково бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Зелениково со неговите села Вражале, Градовци, Зелениково, и Орешани. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Гара Зелениково бил укинат и неговата општинска територија припаднала на обновената Општина Зелениково.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Гара Зелениково имал 1,334 жители, односно вкупното население на Ново Село, Пакошево, Смесница, Станица (Гара) Зелениково, Страхојадица и Таор.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година: Народност Вкупно Македонци 1,194Албанци 47Турци 30Роми 35Срби 25Хрвати 2Руси 1

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Гара Зелениково Гара Зелениково Гара Зелениково Категорија:Драчевска Околија Категорија:Скопска Околија