десно|мини|250x250пкс| Островот Искија и Неаполскиот Залив со Везув десно|мини|250x250пкс| Флегрејските Полиња десно|мини|271x271пкс| Везув и дел од Кампанискиот Вулкански Лак на Кампанија Кампаниски Вулкански Лак — вулкански лак што се состои од голем број активни, неактивни и изгаснати вулкани во регионот Кампанија во Италија. Овој вулкански лак го опкружува Неаполскиот Залив и ги вклучува:
Везув: активен вулкан, последна ерупција во 1944 година. Флегрејски Полиња: огромна древна калдера во западниот дел на Неапол. Оваа област е мноштво од бројни угасени кратери кои сведочат за древни ерупции; меѓутоа, во областа се наоѓа и Солфатара, плиток вулкански кратер кој сè уште испушта облаци од сулфурни испарувања и се смета за активен. Планината Епомео: 20 километри западно од Неапол на островот Искија, последна ерупција во 1302 година. Палинуро, Вавилов, Марсили и Мањаги: подводни изгаснати или заспани вулкани јужно од Везув. Последните три биле откриени во 1950-тите и ги носат имињата на геолозите кои ги откриле. Палинуро бил познат од претходно. Во мигов, постои загриженост за „заспаната“ состојба на Марсили, кој достигнува висина од 3.000 метри, со врв што штрчи 500 метри над површината на водата. Дополнителни, понови купи биле откриени на Марсили.
Кампанискиот Вулкански Лак е донекаде географски израз, бидејќи областа е дел од голема област со интензивна вулканска и сеизмичка активност што ги вклучува, појужно, активните вулкански острови Стромболи и Вулкано покрај северниот брег на Сицилија, како и најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, на самата Сицилија.
Галерија
Литература
Категорија:Географија на Италија Категорија:Вулкани во Италија