Месен народен одбор Јосифово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Историја Месниот народен одбор Јосифово бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Ајранли, Вејсели, Јосифово и Терзели. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Јосифово бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Плавуш. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Јосифово бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Удово.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Јосифово имал 1,101 жител, односно вкупното население на Ајранли, Вејсели, Јосифово и Терзели.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:

Народност Вкупно Македонци 501Албанци 1Турци 236Срби 262Црногорци 64Останати и непознато 37

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Јосифово Јосифово Јосифово Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија