Ијан Итан Матсен (роден на 10 март 2002, во Влардинген) — холандски фудбалер, играч од одбраната или средниот ред на и на холандската репрезентација.
Клупска кариера Почетоци и Челси Матсен започнал да игра фудбал на 7-годишна возраст, приклучувајќи се на академијата на , од каде бил отфрлен во 2013 година поради нискиот раст. Потоа, тој поминал низ младинските сектори на и , а во 2018 година бил купен од , кој го додал во неговиот младински тим.
Тој го имал своето деби за првиот тим на 25 септември 2019 година, играјќи во победата од 7-1 над во натпревар од Лига купот на Англија.
Позајмиците во Чарлтон и Ковентри Сити На 13 октомври 2020 година, Матсен заминал на позајмица во Чарлтон во Лига Еден, до крајот на сезоната. На 20 октомври, го имал своето деби за клубот, влегувајќи од клупата како замена во второто полувреме за време на победата со 1–0 над Блекпул. На 2 април 2021, тој го постигнал својот прв гол во сениорската кариера, во победата од 1–0 на гости против Донкастер Роверс.
По солидниот престој во Чарлтон во кој играл многу, на 30 јули 2021 година, Матсен му се приклучил на една лига повисоко рангираниот клуб Ковентри Сити, на нова позајмица. На 2 октомври 2021 година, го постигнал својот прв гол за Ковентри во првенствената победа со 4-1 над Фулам. Матсен одиграл 40 првенствени натпревари за „небесно сините“ и постигнал три гола во Чемпионшип.
Позајмицата во Барнли На 15 јули 2022 година, тој бил позајмен на , повторно во Чемпионшип. Своето деби го имал во првото коло од првенството против Хадерсфилд Таун, каде што го постигна и единствениот гол на натпреварот за победа на „Кларетс“ од 1–0. Во Барнли, тој стекнува целосна играчка афирмација и одиграл одлична сезона придонесувајќи за освојувањето на титулата и промоцијата на клубот во Премиер лигата со 39 настапи и 4 гола. Тој, исто така, бил вклучен во Тимот на сезоната во Чемпионшипот, како најдобар лев бек во лигата.
Враќање во Челси и позајмицата во Борусија Дортмунд По извонредната сезона во Барнли, тој се вратил во Челси кои овојпат одлучиле да му дадат шанса во нивниот тим и да не го праќаат на нова позајмица. Сепак, откако одиграл само 15 натпревари (12 во првенството и 3 во Лига купот) во првиот дел од сезоната, на 12 јануари 2024, тој ја напуштил Англија селејќи се на нова позајмица до крајот на сезоната, овојпат во германската екипа . Дебитирал за жолто-црните следниот ден, во победата над Дармштат со 0-3. Својот прв гол во Бундеслигата, го постигнал во победата против Унион Берлин (0-2), кога го бил стрелец на вториот гол за својот клуб во последните секунди од натпреварот. На 16 април, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата од 4–2 против Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфинале, помагајќи му на својот тим да се пласира во полуфиналето. Како одминувало времето тој добивал се почесто место во стартната постава на позицијата лев бек и бил еден од протагонистите во тимот кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите, загубено од Реал Мадрид со 0-2.
Астон Вила На 28 јуни 2024 година, 22-годишниот Матсен потпишал за друг клуб од Премиер лигата, Астон Вила, во трансфер вреден 37,5 милиони фунти, потпишувајќи шестгодишен договор.
Репрезентативна кариера Маатсен бил младински репрезентативец на Холандија, претставувајќи ја земјата на сите нивоа, од под 15 години до под 21 година.
За репрезентацијата под 21 година, тој одиграл 24 натпревари и постигнал еден гол, претставувајќи ја земјата на две Европски првенства во категоријата во 2023 и 2025 година.
Во септември 2023 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Холандија од страна на селекторот Роналд Куман, за двата натпревари од квалификациите за Европското првенство 2024 против и , но не настапил во ниту еден од тие натпревари. Во мај 2024 година, Матсен бил избран во прелиминарниот состав од 30 играчи за Европското првенство 2024, но подоцна бил изоставен од конечниот состав. Сепак, тој бил повторно повикан на 11 јуни, како замена за повредениот Френки де Јонг, но ниту таму не настапил.
Своето долго очекувано деби за репрезентацијата, Матсен го направил на 23 март 2025, во поразот по изведување на пенали од во четвртфиналето на Лигата на нации 2024-2025. Во истиот натпревар, го постигнал и својот прв гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 25 јуни 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ - - - - - 1 0 2020-2021 ФЛ1 34 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - ТФЛ 0 0 35 1 2021-2022 ФЛЧ 40 3 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 42 3 2022-2023 ФЛЧ 39 4 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 42 4 2023-јан. 2024 ПЛ 12 0 ФАКуп+ЛК 0+3 0+0 - - - - - - 15 0Вкупно Челси 12 0 4 0 - - - - 16 0 јан.-јун. 2024 БЛ 16 2 КГ 0 0 ЛШ 6 1 - - - 22 3Вкупно во кариерата 141 10 10 0 6 1 0 0 157 11
Титули Клупски Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026
Наводи
Надворешни врски
Ијан Матсен на soccerway Ијан Матсен на transfermarkt Ијан Матсен на espn Ијан Матсен на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Чарлтон Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Родени во 2002 година