Рулет со седум бројки — роман на македонскиот писател Славко Јаневски, дел од циклусот Кукулино, издаден во 1989 година.
Содржина Романот „Рулет со седум бројки“ од Славко Јаневски е еден од романите од циклусот Кукулино. Се смета дека претставува последен дел од кукулинскиот циклус, односно дејството се случува во иднината во 2096 година. Меѓутоа во него Кукулино го нема повеќе, тоа е избришано од сите карти на светот, и се споменува само на почетокот и крајот на романот. Сè се случува некаде во средна Европа, кога се будат седум мртовци стари пет векови, а кои се споменуваат во претходните романи: Аргос Каламарис, Абас Кафир, Борис Коперник, Арон Морено, Серпентеус, Еразмо Сурмен и Сергеј, таткоубиецот од Керубиновата лоза од 16 век, кои итаат на состанокот според поранешен договор. Но, светот во кој се будат е спротивност на нивниот. Нема држави, нема спорови, израмнети се сите сметки, нема глад и сиромаштија, нема војски кои војуваат, нема злочини и злотвори, ако се појави зло тоа е само патолошки случај, сите можат да учат на факултетите, а општеството се труди да биде благосостојба за сите. Има невиден технолошки и биолошки напредок, а болестите се искоренети. Светот живее само во смеа.
„Ете во такво општество доаѓаат покојниците од Кукулино, да создадат заедница на мртви, бескласна, бесполова, нерелигиозна и здравствено совршена заедница. Нивните постигања- смртта по смртта, заминување од задгробниот живот. Намерата на романот доколку е можна некоја дефиниција и доколку е таа нужна: да се ѕирне зад границите на неможното... или да се навлезе тајно во сферата на тајната, сферат на ирационалното, нагонското, во смракот или муграта на потсвесните откровенија...да му даде на читателот убаво задоволство да ужива во таа ѓаволска игра на една голема имагинација што просто се истура на секоја страница... Делото се толкува и открива додека живее и доколку го надживее својот автор.“ Славко Јаневски, Рулет со седум бројки, Македонска книга, Скопје, 1989 Јубилејно издание. Поговор:За авторот, за кукулинскиот циклус и за овој роман, Георги Старделов,
А, ова секако е едно луцидно, маестално напишано дело на Јаневски, каде тој си поигрува со замислата на слободата, но и ужасот кој го носи таа среќна утрешница.
Наводи
Категорија:Македонски романи Категорија:Дела на Славко Јаневски Категорија:Книги од 1989 година Категорија:Појавено во 1989 година во Македонија