„Луцерн: Од белешките на кнезот Д. Нехљудов“ (руски: Из зaписок князя Д. Нехлюдовa. Люцерн) — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1857 година.

Сиже Кнезот Нехљудов престојува во еден хотел во Луцерн. Во градот има многу англиски туристи, кои се строги, воздржани и студени. Шетајќи низ градот, кнезот забележува уличен музичар кој пее многу убаво. Околу него се собрани многу туристи, но кога завршува со пеењето, тие не му даваат пари, туку го исмејуваат. Незадоволен од нивното однесување, кнезот му пристапува на музичарот и го кани да го почести во хотелот. Таму, музичарот му раскажува за својот живот, а кнезот се расправа со хотелскиот персонал кои не го почитуваат музичарот. Кнезот е возбуден поради бесчувствителноста на цивилизираниот човек...Лав Толстој, Мећава и друге приповетке. Народна просвета, Београд, 1933, стр. 269-307.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази