Роса Мартулкова (меѓу 1842 и 1902 г., Велес — Софија) — македонска просветителка и учителка од Велес. Сопруга на македонскиот револуционер и математичар Петар Мартулков. Вработена во Бугарската егзархија како учителка за бугарски јазик.
Животопис Родена во градот Велес, најверојатно меѓу 1842 и 1902 година. Во тоа време градот бил под Отоманска власт. Откако завршила со нејзиното образование била примена во Бугарската егзархија како учителка на бугарски јазик. Во Велес се запознала со Петар Мартулков. Кога Петар се преселил во Софија Роса го придружила. Кога Петар Мартулков прекинал со неговите револуционерни дејности станал учител по математика и алгебра. Роса продолжила да предава за бугарскиот јазик. Имале заедно четири деца.Роса Мартулкова (deceased) — Genealogy (2021) од Илиана Проданова Еден од нив, Станислав Мартулков подоцна станал радиотехничар.
Починала во Софија заедно со нејзиниот маж.
Наводи
Категорија:Македонски просветители Категорија:Учители на Бугарската егзархија Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Мартулкови