Машка ракометната репрезентација на Фарските Острови — сениорска репрезентација што ги претставува Фарските Острови на меѓународните ракометни натпреварувања, раководена од Ракометната федерација на Фарските Острови.
Историја Во јуни 2015 година, Фарските Острови се натпреварувале на ИХФ првенството за земји во развој, на кое победиле. Две години подоцна, Фарските Острови ја одбраниле титулата на првенството, победувајќи ја Турција во финалето.
Фарските Острови обезбедиле учество на Европското првенство 2024 во Германија, кое било прво големо натпреварување за островската земја во својата историја. Со пласманот на првенството, Фарските Острови станале само втората земја (по Латвија во 2020 година) која се квалификувала на европско првенство откако претходно играла првенство за земји во развој. Тие завршиле на 20. место на конечниот поредок на првенството, забележувајќи два порази и реми против Норвешка.
Меѓународни учества Светски првенства ГодинаФазаМесто 1982 Не се квалификувала 1986 1990 1993 1995 1997 1999 2001 2003 2005 2007 2009 2011 2013 2015 2017 2019 2021 2023 2025 2027Ќе биде одредено 2029 2031Вкупно0/23–000000
Европски првенства ГодинаФазаМесто 1994 Не се квалификувала 1996 1998 2000 2002 2004 2006 2008 2010 2012 2014 2016 2018 2020 2022 2024 Групна фаза 20. 3 0 1 2 83 90 2026 Квалификувана 2028 Ќе биде одреденоВкупно2/180 титули30128390
ИХФ првенство за земји во развој 2015 – 1. место 2017 – 1. место
Моментален состав Состав за Европското првенство 2024.
Тренер: Петер Бредсдорф-Ларсен
Наводи
Надворешни врски Официјлно мрежно место на Ракометната федерација на Фарските Острови Профил на ИХФ
Категорија:Ракометни репрезентации Категорија:Ракометот на Фарските Острови