Омарнини — раскази на македонскиот писател Славко Јаневски, издадени во 1972 година, со тематика за Кукулино, па би можеле да се вбројат и во циклусот Кукулино. Под наслов „Омарнине и друге приче“,објавена е и во Белград, на српскохрватски јазик, со обемен поговор на белградскиот литературен критичар Радоица Тутовиќ. Во 1976 НИК „Наша книга“ ги издава „Омарнини“, а уредник бил Видое Подгорец,а избор и редакција направил Миодраг Друговац. Славко Јаневски, Омарнини, НИК „Наша книга“, Скопје, 1976 . Белешка од уредникот, стр.283 Во јубилејното издание на делата на Јаневски од 1989 година на Македонска книга, Омарнини е составен дел од Кукулинскиот циклус. „Омарнини“ е втората напишана збирка раскази на Јаневски, по „Кловнови и луѓе“ од 1954.

Содржина Омарнини претставува збирни раскажувачки искуства на Јаневски, каде меѓусебно се прелеваат реалното и фантастичното, лирското и интелектуалното, минатото со сегашноста. Расказите се длабоко метафорични, но се одредени и географски, имаат заедничко нешто, а тоа е местото Кукулино - име на мекедонско имагинарно село, познато од „Тврдоглави“, но и симбол на македонската судбина низ времето. Меѓу некои од поглавните мотиви и теми, кои се сретнуваат во расказите, е и печалбарството, метафора на едно национално зло со корени во минатото, тема која подоцна ќе ја доразработи во романот „Континент Кукулино“.

Еден од најуспешните раскази според литерурната критика на Миодраг Друговац Славко Јаневски, Омарнини, Ник „Наша книга“, Скопје, 1976, Миодраг Друговац, За раскажувачката проза „Омарнини“ , претставува расказот „Ни Балканците не се без судбина“, каде еприменета една литертурна постапка кад есе комбинира раскажувачката постапка, наратор е час главниот лик, час авторот.

Ликовите кои се јавуваат во расказите се кукулинските маченици, тврдоглави гороломници кои се среќаваат низ делата на Јаневски од циклусот Кукулино. Историцизмот, толку карактеристичен за делата на Јаневски се јавува и во овие негови раскази, трансформирајќи се во длабоко филозофско четиво за трагичните и драматичните судбини на луѓето од Кукулино.Славко Јаневски, Омарнини, Ник „Наша книга“, Скопје, 1976 Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски патеписи Категорија:Дела на Славко Јаневски Категорија:Книги од 1962 година Категорија:Појавено во 1962 година во Македонија