Шерон Бала (родена на 3 април 1979 година) е канадска писателка која живее во Сент Џонс, Канада.
Нејзиниот дебитантски роман, Луѓето од чамците, ја освоил наградата „Перси Џејнс“ за прв роман за необјавени ракописи во 2015 година. Подоцна била објавена од „Меклеланд и Стјуарт“ и „Даблдеј“ во јануари 2018 година. Книгата била меѓународно објавена како дел од кампањата „Еден свет, една книга“ на „Пенгуин Рендом Хаус“.
Книгата била избрана за изданието на Канада чита за 2018 година. Ја освоила наградата Харпер Ли за правна фикција, била финалист за наградата за прв роман на Амазон Канада во 2018 година, и била номинирана за наградата „Свежа риба“ за писатели во подем во 2015 година и наградата „Томас Хед Радал“ во 2019 година.
Бала била добитничка на наградата „Џурни“ во 2017 година за нејзиниот краток расказ „Чај со путер во Старбакс“, и била во долгата листа за наградата Национално списание за фикција во 2017 година за нејзиниот краток расказ „Милослав“. Нејзините кратки раскази се објавени во Хазлит, Грејн, TДалхаус Ривју, Ридл Фенс, Рум, Призм Интернешанал, Џојленд, Њу Квортерли и во антологијата наречена Рекет: Новои пишувања од Њуфаундленд.
Публикации
Луѓето од чамците (2018)
Признанија
Награда за прв роман „Перси Џејнс“ во 2015 година за „Луѓето од чамци“ Награда „Џурни“ во 2017 година за „Чај со путер во Старбакс“, објавена во Њу Квортерли
Наводи
Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Канадски писателки