Киро Мазнев (Велес, 18 април 1912 — Велес, после 1963 г.) — македонски активист и продавач. Член на Демократскиот фронт на Македонија „Илинден 1903“, репресиран од тогашниот социјалистички режим поради неговата поддршка за обединета независна македонска држава. Мазнев бил двапати уапсен, во 1945 и 1947 година. Мазнев основал нова група откако била укината групата на Благој Џајков со Крум Чушков и Саздо Трајковски.
Животопис Роден на 18 април 1912 година во градот Велес, неколку месеци пред Првата балканска војна. Мазнев се образувал во неговиот мајчин град. За повисоко образование се запишал во велешката гимназија. За време на Втората светска војна и почетокот на народноослободителната борба Мазнев не зедол учество. Со ослободувањето на Тетово и градот Скопје нова комунистичка власт била формирана. Мазнев бил против новиот режим, поради тоа во 1945 година бил уапсан и интерниран шест месеци во велешките затвори.
Откако се ослободи тој открил за националистичките групи кои никнале низ градот, меѓу нив најзначаен бил групата на Благој Џајков со Крум Чушков и Саздо Трајковски. Џајков бил верник во старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Овој идеалошки став бил противречен со тогашните гледишта на Социјалистичка Македонија. Во полициските досија дејци на оваа идеалогија биле обележани како „ВМ“ или ванчомихајловисти. Всушност синоним на фашист или бугараш. Во 1947 година формирал националистичка група. Во нејзе се вчлениле некои дејци од претходната група како Богдан Хаџи Петрушев, Кирил Ќирков и Светлана Боцева. Некои од членовите биле учесници во бунтот на Скопско кале. За време на југословенскиот терор врз велешаните групата била откриена и укината. Поради неговата клучна улога Мазнев добил осум годишна казна.
Од 1947 година сѐ до 1955 година бил мачен во Идризово. Откако излегол тој делумно бил рехабилитиран и повторно примен во секојдневниот живот. Се приклучил во Комунистичката партија на Македонија. На 19 јули 1962 година бил назначен за водач на продавницата „Жито Македонија“ покрај велешкиот Стар мост.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1963) год. XIX, бр. 34 Неговата судбина после тоа е непозната.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во Велес Категорија:Велешани репресирани од југословенскиот режим