Палента (од ) — јадење направено од варено пченкарно брашно кое низ историјата се правело и од други житарици. Може да се послужува како топла каша или може да се олади и стврдне во векна што може да се пече, пржи или пече на скара.
Житарица што обично се користи е жолта пченка, но често се користат и хелда, бела пченка или нивни мешавини. Грубо меленото брашно дава цврста, груба палента, а ситно меленото дава кремаста, мека палента. Палентата е незаобиколен дел од северноиталијанската, швајцарската и балканската (каде што се прават слични јадења, како качамак, жгањци или мамалига) кујна (во помала мера, во средноиталијанската, на пр. тосканската, кујна). Во минатото јадењето палента традиционално се поврзувала со пониските класи, бидејќи кашата од пченкарно брашно била основна храна во нивната секојдневна исхрана.
Поврзано Бакрдан Мамалига
Наводи
Категорија:Турска кујна Категорија:Словенечка кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Црногорска кујна Категорија:Македонска кујна Категорија:Хрватска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Балканска кујна Категорија:Италијанска кујна Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:Албанска кујна Категорија:Бразилска кујна Категорија:Швајцарска кујна Категорија:Пченка Категорија:Италијански зборови