Дмитриј Анатолјевич Аленичев (роден на 20 октомври 1972 година, во Великије Луки) — советски и руски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Технички карактеристики Технички надарен и офанзивно настроен играч од средниот ред, чија омилена улога била онаа како број 10 зад напаѓачите; тој, исто така, повремено во текот на својата кариера бил користен и како централен играч за врска, иако му недостасувале и физичка сила и тактичко чувство за да се истакне на оваа позиција.

Клупска кариера Почетоци и Локомотив Москва Тој ја започнал својата кариера во својот роден град, Великије Луки. Негов прв тренер бил Леонид Иванович Алексеев, кој работел со него во Младинската спортска школа „Експрес“ во Великије Луки. Четири години подоцна, заедно со својот постар брат, се преселил во Младинската спортска школа „Спартак“ во групата на Георгиј Иванович Јаковлев.

Во 1989 година, тој играл за клубот КФК Чајка (Великије Луки), со кој го направил своето деби како професионален фудбалер, а потоа во сезоната 1990-1991 го носел дресот на екипата на Машиностроител Псков во Втората ниска лига на СССР. Во средината на 1991 година се преселил во Локомотив Москва. Играчот бил забележан од извидниците на „железничарите“ - Виталиј Шевченко и Михаил Шибаков, кои дошле на натпреварот на Машиностроител за да го гледаат дефанзивецот Сергеј Кубрјаков. Сепак, токму Аленичев го привлекол нивното внимание, бидејќи играл брилијантно на позицијата „зад напаѓачите“. По натпреварот, Шевченко и Шибаков го поканиле Аленичев во хотелот каде што му понудиле да се префрли во Локомотив, на што 18-годишниот фудбалер се согласил. Тој го одиграл својот последен натпревар за Машиностроител во Калининград, каде што екипата од Псков ја победила локалната екипа Балтика со 2-0.

Тој го имал своето деби со Локомотив во најсилната советска лига на 31 мај 1991 година, заменувајќи го Артур Шамрин во 28-мата минута од натпреварот против . Тој веднаш освоил место во почетната постава на тимот и редовно играл, главно како крилен напаѓач. Дресот на Локомотив Москва го носел три сезони, а во сезоната 1993-1994 го имал и своето деби во европските натпреварувања, играјќи ги двата натпревари против италијанскиот во Купот на УЕФА.

Спартак Москва Во 1994 година се преселил во Спартак Москва. Своето деби за црвено-белите го имал на 13 април во натпреварот од Лигата на шампионите, во кој Спартак во Истанбул го победил со 1-2, заменувајќи го Валериј Масалитин во 78-мата минута. Својот прв натпревар за Спартак во руското првенство го одиграл на 28 април против Динамо-Газовик од Тјумен, но со неговиот настап не успеал да го импресионира тренерот Олег Романцев, кој веќе на паузата меѓу двете полувремиња го заменил со Андреј Тихонов. Сепак, тој брзо се привикнал на новата средина и на 22 мај, во финалето на Купот на Русија против ЦСКА кое било решено по изведување пенали, тој го реализирал решавачкиот пенал со што му донел победа на Спартак и го освоил првиот трофеј во својата кариера. Неколку месеци подоцна го освоил и своето прво првенство на Русија со клубот.

На 2 ноември 1994, во натпреварот против (2-2) во групната фаза на Лигата на шампионите, Аленичев го постигнал својот прв гол во дресот на Спартак Москва. Тој, бил стандарден првотимец за Спартак и во руското првенство каде постигнал 4 гола во 27 настапи, иако тоа не било доволно за московскиот клуб да ја одбрани титулата завршувајќи на третото место зад Спартак-Аланија и неговиот поранешен клуб Локомотив.

Во 1996 година, Аленичев му помогнал на Спартак да ја врати титулата во домашното првенство постигнувајќи 7 гола, вклучително и два во победата со 3-1 во градското дерби над ЦСКА на 14 август 1996. Сезоната 1997, била една од најдобрите за Аленичев; тој станал плејмејкер на Спартак, играјќи зад напаѓачите и помагајќи им со асистенции да постигнуваат голови, завршувајќи ја сезоната со дури 20 асистенции. На крајот на 1997 година, тој бил прогласен за најдобар фудбалер во Русија.

Во април 1998 година, тој одиграл брилијантно во двата натпревари од полуфиналето на Купот на УЕФА против италијанскиот Интер, со што го привлекол вниманието на водечките италијански клубови. Клубот кој покажа најголем интерес за фудбалерот била Рома, која на крајот и го довела Аленичев потпишувајќи со него договор на 5 години, во трансфер вреден 5 милијарди италијански лири (8 милиони долари). Иако тренерот Олег Романцев јавно изјавил во 1998 година дека нема намера да продаде никого, тој го прифатил барањето на Аленичев да замине со разбирање: „Дмитриј изјавил дека сака да постигне повеќе во фудбалот и да не престане да расте“..

Рома Аленичев и се приклучил на Рома во летото 1998 година, а своето деби во Серија А го имал во првото коло од сезоната 1998-1999 во натпреварот против , во кои им асистирал на своите нови соиграчи за 2 од 3-те гола на тимот за да може Рома да забележи победа од 3-1. Неколку дена подоцна, Аленичев го постигнал својот прв гол за Рома, во натпреварот од Купот на УЕФА добиен со 2-0 во Данска против Силкеборг. Една недела подоцна, на 22 септември, тој постигнал уште еден гол, овојпат за победата со пресврт над (2-1) во второто коло на Купот на Италија, помагајќи им на „џалоросите“ да се пласираат во следната рунда.

Својот прв гол во Серија А го постигнал во натпреварот од 5-тото коло на првенството против Фјорентина, влегувајќи од клупата за резерви, тој го започнал пресвртот (подоцна довршен со вториот гол на тимот постигнат од Франческо Тоти) во победата на Рома пред домашните навивачи со 2-1. Сепак, за време на својот престој во Рома, тој не се појавувал редовно во почетниот состав, честопати влегувајќи како замена во второто полувреме. Самиот играч исто така признал дека стилот на игра на Рома бил многу различен од оној на Спартак - играта се градела преку центрирања, а не преку играње ниско. Покрај тоа, тренерот на Рома, Зденек Земан, претпочитал да користи играчи од средниот ред кои работат многу и во одбраната, нешто што на Аленичев не му била силна страна.

Од април 1999 година, тој станал редовен во почетниот состав на Рома, а се покажал особено добро и во римското дерби против . Сепак, во следниот натпревар, загубен со 3-2 на гости кај , тој бил исклучен добивајќи директен црвен картон во 77-мата минута. После тоа, тој одиграл уште два натпревари до крајот на сезоната во италијанското првенство, од кои во последниот на теренот поминал само 15 минути: при еден дуел добил силен удар во градите, што довело до скршено ребро. Својата прва сезона во Рома ја завршил со вкупно 30 одиграни натпревари (21 во првенството, 3 во Купот на Италија и 6 во Купот на УЕФА) и 3 постигнати гола.

Пред почетокот на сезоната 1999-2000, дошло до промена на тренерската клупа во Рома, каде Фабио Капело го заменил Земан. Под водството на Капело рускиот играч добивал многу помала минутажа; своето деби за сезоната во првенството го имал дури во третото коло, кога појавувајќи се во игра како замена на гостувањето кај Венеција, тој го постигнал третиот гол за „џалоросите“ во победата со 3-1. Пред ова, Аленичев одиграл брилијантно во првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА против португалската екипа Виторија Сетубал, постигнувајќи хет-трик во натпреварот кој завршил со победа на Рома од 7-0.

Во септември и октомври 1999, Капело вршеле постојани ротации во составот, што му овозможило на Аленичев почесто да се појавува во почетниот состав на тимот. Така, во натпреварот против , Аленичев се нашол во почетниот состав, заменувајќи го дисквалификуваниот Франческо Тоти и поминувајќи на теренот 77 минути. Сепак, неговата минутажа се намалила во следниот период, поминувајќи се повеќе време на клупата отколку на теренот, а на својот следен настап чекал дури до 30 ноември, кога играл во натпреварот од Купот на Италија против . Во декември и јануари, тој се појавувал во првенството секој втор пат, учествувајќи во 2 од 4 натпревари на Рома.

Перуџа На 14 јануари 2000 година, Аленичев се преселил во друга екипа од Серија А, , како дел од трансфер на Хидетоши Наката во Рома, кој вклучувал и позајмица на рускиот играч во клубот од Умбрија; два дена подоцна, тој го имал своето деби за Перуџа за време на гостувањето против Јувентус, влегувајќи како замена на 20 минути пред крајот во поразот со 3-0. Играјќи претежно како стартер, сезоната ја завршил со 15 одиграни натпревари без постигнат гол.

На почетокот на сезоната 2000-2001, во текот на летото, тој одиграл два натпревари за Перуџа во УЕФА Интертото купот против белгискиот претставник , постигнувајќи го својот прв погодок за клубот во реванш натпреварот одигран во Белгија кој завршил 1-1; овој резултат не бил доволен за Перуџа да мине понатаму, со оглед на поразот пред домашните навивачи со 1-2 во првиот натпревар. Овие натпревари ќе се испостават и како последни за Аленичев во дресот на Перуџа, бидејќи набргу потоа, со одлука на претседателот на Перуџа, Лучано Гаучи тој бил продаден на португалскиот Порто за 4 милиони долари.

Порто Аленичев потпишал тригодишен договор со Порто, приклучувајќи му се во клубот на својот сонародник и поранешен соиграч од Локомотив Москва, голманот Сергеј Овчиников. Дебитирал за Порто, во натпреварот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите 2000-2001, против Андерлехт загубен во Белгија со 1-0. Оттогаш, играчот добивал постојана минутажа, оправдувајќи ја довербата на тренерот Фернандо Сантош со својата брилијантна игра.

Тој го постигнал својот прв гол во официјални натпревари за Порто го постигнал во натпреварот од Суперкупот на Португалија против Спортинг Лисабон (1-1), овозможувајќи му на тимот да избегне пораз. Во португалското првенство, Аленичев постигнал гол уште во првото коло во дербито против Бенфика и бил прогласен за најдобар играч на натпреварот. Од средината на септември 2000 година, тој не бил вклучен во почетниот состав на клубот, влегувајќи главно како замена за што тренерот Фернандо Сантош дал објаснување велејќи дека конкурентот на Аленичев, Карлос Шаињо, според него бил во подобра физичка и играчка форма. Поради ова, Аленичев се појавил повторно во почетниот состав дури кон крајот на октомври во натпреварот од првенството против Алверка. Сепак, тој сè уште не обезбедил сигурно место во почетниот состав на Порто до крајот на годината (вклучително и поради повреда што ја здобил играчот за време на еден од тренинзите во декември). Од средината на јануари 2001 година, Аленичев се етаблирал во почетниот состав и продолжи да постигнува голови, постигнувајќи два гола во натпреварот од Купот на Португалија против Бенфика, со што конечниот резултат гласел 4-0 во корист на Порто. Во исто време, имал и неколку непријатни епизоди - во реванш натпреварот од Купот на УЕФА против Нант бил исклучен откако добил втор жолт картон поради задржување време. На 18 април, тој го постигнал својот трет првенствен гол за сезоната, помагајќи му на Порто да забележи победа на гостувањето кај Маритимо (0-1). Кон средината на мај, тој претрпел повреда на коленото поради која предвреме го завршил првенството. Сепак, до почетокот на јуни, тој се опоравил и играл за руската репрезентација во квалификациските натпревари за Светското првенство 2002, а исто така настапил и за Порто во финалето на Купот на Португалија против Маритимо, добиено со 2-0, во кое тој го постигнал вториот гол за „Змејовите“. Успехот го означил и првиот освоен трофеј за Аленичев со клубот и прв во кариерата по напуштањето на татковината.