Росник — македонско традиционално јадење што е најзастапено во Гостивар.
Рецепт Потребни се следниве состојки : 500 г тарана 100 г пченкарно брашно 1,5 л вода 200 г сирење сол, масло
Во зовриена вода во која претходно е ставено сол и малку масло, се става тараната да се подвари, околу 5 до 7 минути. Потоа, постепено се додава пченкарното брашно и притоа постојано се меша за да не се создадат големи грутки. Се вари на тивок оган, сè додека не се впие целото количество вода. Потоа, смесата се става во плех и се пече околу 30-40 минути. Откако ќе биде печен росникот, се попарува со малку загреано масло. Се дроби сирењето одозгора и росникот е спремен за јадење.
Поврзано Тарана Пченкарно брашно
Наводи
Категорија:Култура на Гостивар Категорија:Македонска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ