Бранови () — историски трилер - драма од 2024 година, режиран од Јиржи Мадл, а дејството се случува за време на Прашката пролет и последователната инвазија на Чехословачка од страна на Варшавскиот пакт. Својата премиера во светски рамки филмот ја имал на 58-от Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари освојувајќи ја наградата на публиката. Овој филм бил избран како чешки кандидат за најдобар меѓународен филм на 97-то доделување на наградите Оскар.

Бранови се емитувал во кината на 15 август 2024 година и станал чешки филм со најголема заработка во 2024 година и втор чешки филм со најголема заработка на сите времиња.

Заплет Приказната се врти околу Редакцијата на Меѓународниот живот на Чехословачкото Радио. Оваа редакција работи под раководство на Милан Вајнер, новинарска икона. Меѓу другите кои се истакнуваат како новинари се и Вера Штовичкова-Хералдова, Јиржи Динстбир, Лубош Добровски и Јан Петранек. Младиот Томаш влегува меѓу нив по грешка, бидејќи работата во редакција била всушност сон на неговиот помлад брат Павел, а главната грижа на Томаш е само да го заштити својот брат. Томаш не знае дека локалните уредници се набљудувани од Државната безбедност. Тој е принуден да потпише соработка со нив со цел да го заштити својот брат, кој заедно со своите соученици учествува во нелегални активности. По одредено време Томаш се зближува со колегите во канцеларијата, особено со Вера, а тоа го става во конфликт помеѓу грижата за безбедноста на својот брат и сопствената совест. Кога Варшавскиот пакт ја напаѓа Чехословачка, тој одбива да соработува со окупаторите помагајќи им на новинарите да емитуваат нецензурирани информации за инвазијата на трупите на Варшавскиот пакт и да повикуваа на пасивен отпор кон окупаторите. Тој одлучува да го ризикува сопствениот живот за да го одржи емитувањето што е можно подолго.

Продукција мини|Делегација за филмот „Бранови“ на црвениот тепих на 58-от Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари Филмот е во режија на Јиржи Мадл, кој исто така е и сценарист. Буџетот на филмот бил приближно 80 милиони чешки круни. Мадл за да го создаде филмот користел историски филмски материјал за Бранови и го комбинирал со сцени снимени за филмот. За овој пристап бил инспириран од постмонтажниот документарен филм на Питер ЏексонТие нема да остарат. Режисерот бил фасциниран од радиото уште од детството. Бранови бил создаден за да се оддаде почит кон работата на уредниците во Чехословачкото радио. Мадл создавајќи го филмот користел сеќавања на современи сведоци, вклучувајќи го новинарот Јан Петранек и особено Вера Штовичкова, од која научил работи што не можат да се најдат во учебниците. На крајот на 1960-тите, двајцата работеле во уредничкиот тим на „Меѓународниот живот“, за кој во тоа време работеле и Карел Јездински, Добровски и Динстбир.

Музиката за филмот била компонирана од Сајмон Гоф. Добитничката на Греми наградата соработувала во минатото со Исланѓанката Хилдур Гуднадотир, а претходно работела на филмови како Џокер и Никогаш не сме биле модерни и на телевизиски серии како Чернобил.

Првиот трејлер за филмот бил претставен кон крајот на јуни 2024 година. Премиерата на филмот била на 1 јули 2024 година на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари Кино-премиерата во Чешка била планирана за 15 август 2024 година Премиерно филмот бил прикажан на 1 август 2024 година во Словачка. Филмот премиерно бил прикажан во Прага на 6 август 2024 година и влезе во кино-дистрибуција на 15 август во Чешка.

Рецепција Објавениот филм добил позитивни критики од критичарите според агрегаторот Кинобокс.

Премиерното прикажување на филмот било на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари, каде што овој филм добил 10 минути стоечки овации од публиката и победил во анкетите на публиката со просечна оценка од 1,05. Филмот, исто така, добил стоечки овации по премиерата во Братислава.

Филмот ја освоил наградата „Сателит“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2024 година.

Наводи

Надворешни врски

Бранови на CSFD.cz Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Прага Категорија:Статии со извори на чешки (cs) Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Чешки филмови