Александровачко Езеро — вештачко езеро кое се наоѓа на 7-8 км југозападно од Врање. Долго е 500 м, најголема ширина му е 250 м, а површината е во облик на елипсаУСР Моравица: Александровачко језеро , Приступљено 18. 1. 2013. и изнесува околу 0,12 км2. Просечната длабочина е околу 2,5 м. Направено е во 1964 година за потребите за наводнување со помош на системот капка по капка на земјоделскиот комбинат „Пољопродукт“, кој првобитно се грижел за езерото.
Езерото некогаш било омилено излетничко место за жителите на Врање. Потоа долго време било запоставено. Во неколку наврати имало големи помори на риби, а повеќе пати било преуредувано со различни технички решенија и порибувано. Последниот голем помор на риби се случил во декември 2012 година, под замрзнатото езеро.
Со водите на езерото управува Рибарското здружение „Ветерница“ од Лесковац.
Галерија
Поврзано Список на езера во Србија
Наводи
Литература
Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Србија