Оваа статија се однесува на Општина Бајловце. За истоименото село, видете Бајловце. Општина Бајловце, именувана и како Месен народен одбор Бајловце ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година. Центар на општината било селото Бајловце.

Историја 1913-1915 Општина Бајловце за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.

1915-1918 Општина Бајловце продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.

Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Бајловце продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача, Жељувино, Канарево, Осиче и Цвиланце.

1945-1952 Месниот народен одбор Бајловце бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Бајловце и Цвиланце. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Аљинце со неговите села Аљинце, Брешко и Жељувино. Истовремено, МНО Бајловце припаднал под проширената Кумановска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Бајловце останал територијално непроменет.

1952-1955 Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Бајловце бил преименуван во Општина Бајловце, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Драгоманце со неговото село Добрача. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Бајловце била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Старо Нагоричане.

Население Според пописот од 1913 година, во Општина Бајловце живееле 2.464 жители. Според пописот од 1921 година, во општината имало 2.202 жители. Според верската припадност, сите биле православни, а според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати. Според пописот од 1931 година, во општината имало 2.388 жители, од кои 1.197 биле мажи, а 1.191 биле жени. Општината се состоела од 364 куќи и 362 домаќинства.

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Бајловце имал 1.637 жители. Од таа бројка, 1.630 биле Македонци, 6 биле Срби, додека 1 бил Ром. Според пописот од 1953 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 1.942 жители. Од таа бројка, 1.906 биле Македонци, додека 36 биле Срби. Година19131921193119481953Населено местожителижителижителижителижителиАљинценепознато~400372395Бајловце~900792776Брешко7778Добрача~150—255Жељувино~250234252Канарево~450——Осиче~100——Цвиланце~200162186Вкупно2.4642.2022.3881.6301.942

Поврзано

Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)

Забелешки

Наводи

Бајловце Бајловце Бајловце Бајловце Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија