Руслан Каримович Нигматулин (роден на 7 октомври 1974 година, во Москва) — руски поранешен фудбалер, ТВ водител, диск-џокеј и бизнисмен.

За време на својата фудбалска кариера, тој играл на позицијата голман.

Фудбалска кариера Клупска кариера Својата кариера ја започнал во татковината со екипата на КАМАЗ од Набережније Челни, со која го направил своето професионално деби во второто ниво на рускиот фудбал во 1992. Подоцна, тој го чувал голот на некои од најголемите руски клубови како Спартак Москва, Локомотив Москва и ЦСКА Москва.

Освен во Русија, тој играл и за клубови од ИталијаNigmatullin: "Ieri portiere, oggi DJ. Tradito dal sogno italiano" и Израел.

Репрезентативна кариера Своето деби за руската фудбалска репрезентација, Нигматулин го имал на 26 април 2000 година, во победата со 2–0 над САД во пријателски натпревар.

Тој имал вкупно 24 настапи за „Мечките“, со кои исто така играл (како стартен голман) на Светското првенство 2002.

Хронологија на репрезентативни настапи

Диск џокеј По завршувањето на неговата фудбалска кариера, тој започнал, со одреден успех, кариера како диск-џокеј.

Титули Клупски Спартак Москва Руско првенство : 2 1996, 1997

Локомотив Москва Руско првенство : 1 2004 Куп на Русија : 2 1999-2000, 2000-2001

Поединечни Руски фудбалер на годината: 2001

Наводи

Надворешни врски

Руслан Нигматулин на soccerway Руслан Нигматулин на transfermarkt Руслан Нигматулин на espn Руслан Нигматулин whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спартак Москва Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК ЦСКА Москва Категорија:Фудбалери на ФК Салернитана Категорија:Родени во 1974 година