Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) е поет, уредник и организатор на културни настани и фестивали. Тој е дипломиран професор по философија на Филозофскиот факултет и моментално студент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје.

Тој е основач на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, организатор на книжевните настани „Поетска епизода“ и „Клинци“, фестивалски координатор на Филозофски филмски фестивал, член на извршниот одбор на Филозофското друштво на Македонија, член е на управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал и дел е од тимот на кафе-книжарницата „Буква“. Бил дел од тимовите на маркетинг агенцијата Кликер Маркетинг  и магазинот Скала. Главен уредник е на списанието на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, In medias res и на списанието за општа култура Тригер на „Култура Бета“. Дел е од европската поетска мрежа „Версополис“.

​Творештво Андреј Медиќ Лазаревски е автор на стихозбирките:

„Беседење со неа“ (2021, Дата Песнопој) „Молитвени дискурси“ (2022, 2023 - второ, променето и дополнето издание, ПНВ Публикации) „Багет полн печени полжави полиени со уље истечено од Вардаровите галии“ (2025, Култура Бета)

Автор е и на еден артбук во електронска форма, „Црно под ноктите“ (2024, Култура Бета) што произлезе од истоимената изложба поставена во 2024 г.

Негови песни се објавени во домашната периодика и се преведи на српски јазик за книжевните списанија Блудни стих и Рукописи, на хрватски јазик за Поезија, списанието на Хрватското друштво на писатели и на англиски јазик за Selection from A New Birth of the Word (an Anthology of Macedonian Young Poetry)  во издание на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Музика, сега и уште“ (прир. Владимир Мартиновски, Струшки вечери на поезијата, 2022). Неговите текстови, есеи и критики се објавени во Филозофска трибина, Културен живот, Современост, Елементи. мк и Умник.

Негови текстови се застапени и во книгите „Кон-текстот: дигитални осврти“ (2023) и „Визуализација на современата македонска книжевност“ (2025), приредени од Калина Малеска.

​Учество на поетски читања и фестивали Има учествувано на повеќе поетски читања и интернационални фестивали како Стих у регији (Хрватска), Струшките вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, АртАреа и др.

Награди Во 2024 година, на Струшките вечери на поезијата, ја добива наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.