Општина Орах, именувана и како Месен народен одбор Орах ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1952 година. Центар на општината било селото Орах.
Историја 1913-1915 Општина Орах за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Дренок, Орах и Руѓинце. Општината била дел од Жеглиговскиот Срез, Кумановски Округ.
1915-1918 Општина Орах продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Кумановската Околија, Кумановски Округ.
Кралство СХС/Југославија За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Орах продолжила да постои во рамки на Жеглиговскиот Срез, а почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Дренок, Орах и Руѓинце.
1945-1952 Месниот народен одбор Орах бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негово единствено составно населено место било Орах. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Руѓинце со неговото село Руѓинце. Истовремено, МНО Орах припаднал под проширената Кумановска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Орах останал територијално непроменет. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Орах била укинат на сметка на соседната и проширена Општина Облавце.
Население Според пописот од 1913 година, Општина Орах имала 1.832 жители. Според пописот од 1921 година, Општина Орах имала 1.624 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.
Според пописот од 1931 година, Општина Орах имала 1.799 жители, од кои 914 биле мажи, а 885 биле жени. Општината се состоела од 248 куќи и 250 домаќинства. Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Орах имал 1.637 жители. Од таа бројка, 1,300 биле Македонци, додека 8 биле Срби. Година1913192119311948Населено местожителижителижителижителиДренок755непознато~700—Орах615~650696Руѓинце437~450612Вкупно1.8321.6241.7991.637
Поврзано Список на населени места во Вардарска Македонија по општина (1913-1915) Список на општини во Вардарска Бановина по население (1931) Список на општини во Македонија по население (1948)
Забелешки
Наводи
Орах Орах Орах Орах Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија