Метеоцунами или метеоролошко цунами — морски бран сличен на цунами од метеоролошко потекло. Метеоцунамите се создаваат кога брзите промени во барометарскиот притисок предизвикуваат поместување на водна површина. За разлика од импулсните извори на цунами, патувачкото атмосферско нарушување нормално комуницира со океанот во ограничен временски период (од неколку минути до неколку часа). Цунамите и метеоцунамито се инаку доволно слични што може да биде тешко да се разликуваат едно од друго, како во случаи кога има цунами бран, но нема записи за земјотрес, лизгање на земјиштето или вулканска ерупција. Метеоцунамите, пак, се активираат поради екстремни временски настани, вклучувајќи силни грмотевици и бури; тие можат брзо да го променат атмосферскиот притисок. Метеоцунамите обично се јавуваат кога лошите временски услови се движат со иста брзина и насока како и локалното дејство на брановите кон крајбрежјето. Големината на бранот е зголемена од крајбрежните карактеристики како што се плитки континентални гребени, заливи и ракави.
Само околу 3% од историските цунами настани (од 2000 година пр. н. е. до 2014 година) се познати како од метеоролошко потекло, иако нивната вистинска распространетост може да биде значително поголема од ова, бидејќи 10% од историските цунамиња имаат непознато потекло, цунамите во минатото често се тешки за валидација.
Карактеристики Метеоцунамите се ограничени на локални ефекти бидејќи им недостасува енергија достапна за значително сеизмичко цунами. Меѓутоа, кога се засилени со резонанца, тие можат да бидат опасни. Метеоцунамите можат да траат од неколку минути до неколку часа. Нивната големина, должина и период во голема мера зависат од брзината и сериозноста на фронтот на бура. Тие се прогресивни бранови кои можат да влијаат на затворени басени, а исто така и на големи површини на крајбрежјето. Метеоцунамите предизвикале бранови над 1.8 метри во висина и можат да личат на поплави од бури.
Примери за познати метеоцунами МестоположбаДржаваБранова височинаЖртвиВела Лука (21 јуни 1978)Хрватска5.9 метри0Нагасакиев Залив (31 март 1979)Јапонија5 метри3Пхохангово пристаниште Кореја0.8 метриБреговите на Кент и Сасекс (20 јули 1929)ОК3.5-6 метри2Лункоуово пристаниште (1 септември 1980)Кина3 метриСјудаделово пристаниште (15 јуни 2006)Шпанија4 метриТрстјански ЗаливИталија1.5 метриЗападна СицилијаИталија1.5 метриМалтаМалта1 метарЧикаго (26 јуни 1954)САД3 метри8Дејтона Бич, Флорида (3–4 јули 1992)САД3.5 метри0Сјудаделово пристаниште и Алкудија Шпанија1.8 метри0Барнегатов морски ракав (13 јуни 2013)САД1.8 метри0Толчестер Бич (6 јули 2020)САДХанко (7 август 2023)Финска0.58 метриЛејк Мичиган Бич (2 април 2021)САД0
Други значајни настани Во 1929 година, бран висок 6 метри извлекол десет луѓе од брегот, во нивната смрт во Гранд Хејвен, Мичиген. Бран од три метри што го погодил крајбрежјето на Чикаго во 1954 година ги однел луѓето од пристаништата, удавувајќи седуммина. Метеоцунами што го погодил Нагасакиевиот Залив на 31 март 1979 година достигнал максимална висина од 5 метри; имало три смртни случаи. Во јуни 2013 година, деречо покрај брегот на Њу Џерси предизвикал широко распространет метеоцунами, каде што експретите што мереле плима долж Источниот брег, Порторико и Бермудите пријавиле услови „слични на цунами“. Врвната замав на бранот бил 30 сантиметри над нормалното ниво на морето во Њупорт, Роуд Ајленд. Во Њу Џерси, нуркачи биле извлечени над бранобран и три лица биле однесени од пристаниште, двајца сериозно повредени, кога бран од 1.8 метри го погодил Барнегатовиот морски ракав.
Во јуни 2025 година, во Горно Езеро се случил сомнителен метеоцунами и бил снимен на источната страна од Тандер Беј во Онтарио. Канадските научници ги анализираат податоците, кои вклучуваат и зголемување на нивото на водата во езерото за еден метар, за да утврдат дали станува збор за метеоцунами, сеише или некој друг феномен.
Наводи
Надворешни врски
Фотографии од метеоцунамито во Шпанија (Сјудадела) 06-15-2006 Снимка од метеоцунами на островот Санибел, Флорида
Категорија:Цунами Категорија:Поплава Категорија:Временски непогоди