Месен народен одбор Пузајка ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 година. Центар на општината било селото Пузајка.

Историја Месниот народен одбор Пузајка бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, а негови составни населени места биле Жегљане, Карловце, Коинце и Пузајка. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и селото Пузајка припаднало под соседниот и проширен МНО Драгоманце, додека селата Жегљане, Карловце и Коинце припаднале под новиот МНО Коинце.

Население Според пописот од 1948 година, една година по укинувањето на одборот, Месниот народен одбор Пузајка би имал 784 жители. Година1948Населено местожителиЖегљане372Карловце127Коинце269Пузајка102Вкупно784

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Пузајка Пузајка Пузајка Категорија:Козјачка Околија