Полските воени гробишта во Техеран — историски гробишта сместени во источните предградија на Техеран, Иран, како дел од христијанските гробишта Дулаб во Техеран. Создадени биле за време на евакуацијата на полските цивили од СССР во Втората светска војна. Овие гробишта содржат останки од 2.192 гробови на полски цивили кои починале од болест за време на нивниот транспорт до Средниот Исток.
Гробови На овие гробишта има два спомен-обележја. Првиот постар спомен се наоѓа во центарот на полскиот дел, изграден во чест на жртвите од оваа историска миграција, а другиот, кој датира од 2017 година, е камена статуа на полскиот бел орел. Статуата од орелот на левата страна има натпис со иминањата на бегалците кои се удавиле во Каспиското Море, а десно се имињата на оние кои се погребани на гробиштата во Коремшехр, Казвин и на повеќе гробишта во Иран.
Поврзано
Полски воени гробишта во Монте Касино Полски воени гробишта во Казамасима
Наводи
Надворешни врски
Слика од полските гробишта во Техеран Слика од полските гробишта во Техеран Категорија:Полска во Втората светска војна Категорија:Воени гробишта од Втората светска војна Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Гробишта во Иран