десно|мини|200x200пкс|Погреб на посмртните останки на Ѓуро Ѓаковиќ, 1949 година. Гробница на народните херои на Калемегдан — гробница на народни херои од НОБ. Се наоѓа во продолжението на Големото савско шеталиште, под самите бедеми на Белградската тврдина. Била изградена во 1948 година.

Општи податоци Во гробницата се погребани:

Моша Пијаде (1890–1957), револуционер, општествено-политички работник и народен херој Иво Лола Рибар (1916-1943), секретар на Централниот комитет на СКОЈ, претседател на ОСАМЈ, член на Врховниот совет на НОВ и ПОЈ и народен херој Ѓуро Ѓаковиќ (1886–1929), синдикален работник и организациски секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија Иван Милутиновиќ (1901–1944), член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија, член на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, генерал-потполковник на Народноослободителната армија и народен херој

Посмртните останки на Иво Лола Рибар и Иван Милутиновиќ биле пренесени на 27 март 1948 година. Посмртните останки на Ѓуро Ѓаковиќ бил пренесени на дваесетгодишнината од неговата смрт, на 25 април 1949 година, додека Моша Пијаде бил погребан тука во март 1957 година.Пијаде Самуила Моша Чича Јанко на www.znaci.org

Бистите на Иво Лола Рибар, Иван Милутиновиќ и Ѓуро Ѓаковиќ се создадени во 1949 година од академскиот сликар и скулптор од Белград, Стеван Боднаров, а бистата на Моша Пијаде од академскиот скулптор од Белград, Славољуб Станковиќ, во 1959 година. На ѕидот каде што се наоѓаат бистите стои натписот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“.

Гробницата на народните херои е прогласена за споменик на културата со одлука на Градското собрание на Белград во 1983 година.

Галерија

Поврзано Гробница на народните херои во Загреб Гробница на народните херои во Љубљана Гробница на народните херои во Сараево

Наводи

Литература

Надворешни врски Републички завод за заштиту споменика културе - Београд Листа споменика Републички завод за заштиту споменика културе-Београд/База непокретних културних добара

Категорија:Калемегдан Категорија:Статии со извори на англиски (en) Категорија:Споменици во Белград Категорија:Споменици од НОБ