Sherlock Holmes: Crimes & Punishments (македонски: Шерлок Холмс: Злосторства и казни) — детективска игра развиена од украинското студио Frogwares. Првично, издавач била компанијата Focus Home Interactive, но подоцна самото студио Frogwares почнало да се занимава со издавањето.
Играта е седмиот главен дел од серијата The Adventures of Sherlock Holmes (мак. Авантурите на Шерлок Шолмс) за познатиот детектив Шерлок Холмс и неговиот партнер, доктор Вотсон. Излегла на 30 септември 2014 г. за личен сметач со оперативен систем Windows и за играчките конзоли Xbox 360, PlayStation 3, како и Xbox One и PlayStation 4. Изданието за Nintendo Switch излегло на 3 февруари 2022 г.
Играчки процес Шерлок Холмс е главниот лик со кој се игра, а кратко може да се игра и со доктор Вотсон, Тоби (раса басет) и полицаецот Мероу. Поголемиот дел од играта се состои од истражување на местата на злосторствата и испитување на трагите. Откако ќе се откријат, трагите се додаваат на „табла за заклучување“, механика во играта што вклучува поврзување на делови од информации. Тоа води до различни можни заклучоци. Штом заклучоците ќе се поврзат, играчот ќе добие целосно дрво на заклучоци. Во зависност од тоа како играчите ќе ги толкуваат трагите, ќе имаат различни заклучоци. Затоа, играчот може да успее или да не успее да го пронајде виновникот. Играчите исто така одлучуваат дали ќе го ослободат или осудат злосторникот. Моралниот избор што ќе го направи играчот ќе влијае на понатамошното играње. Секој случај ќе има од 3 до 5 можни решенија; вкупно ќе има 6-10 различни завршници за секој случај. Вкупно, играта нуди 14 истражни механики, вклучувајќи ја вештината на Шерлок Холмс да дедуцира многу подробности за нечиј живот само со еден поглед, или да го замисли и возобнови текот на настаните со внимателно набљудување на сите клучни подробности од местото на злосторството.
Достапни се два вида камера — гледиште од прво лице и статична камера од трето лице. Играчот може да се префрла меѓу нив во секое време. Шерлок исто така може да добие докази од обдукции и со скенирање на луѓето што ги среќава. За последното, играчите ќе влезат во гледиште од прво лице за блиска инспекција на лицето и емоциите на ликот, облеката и предметите што ги поседува, каде што ќе најдат сѐ, од лузни и модринки до квалитетот на облеката. Frogwares целосно го детализирал Лондон од викторијанската епоха користејќи го новиот играчки погон, и тој исто така може да се истражува.
Механика наречена „Гледание на Шерлок“ помага во истакнувањето на докази што инаку би биле пропуштени. На пример, преку „Гледанието на Шерлок“, играчите можат да погледнат на правливите полици на библиотека и да забележат дека некоја кутија е тргната од полицата, или дека некој предмет можеби има скриен натпис на него. Во Crimes and Punishments, понекогаш се појавува текст што објаснува што мисли Холмс, на пример како звучат чекорите што се приближуваат и кој можеби е на вратата.
Содржина Во улога на познатиот лондонски детектив Шерлок Холмс, играчот треба да реши шест различни злосторства, од кои некои се директни адаптации на изворните дела за Шерлок Холмс од сер Артур Конан Дојл.
Случаи за истражување
„Судбината на Црниот Питер“ (англ. The Fate of Black Peter) (врз основа на расказот „Црниот Питер“) „Таинството на исчезнатиот воз“ (англ. The Riddle on the Rails) (врз основа на краткиот расказ „Исчезнатиот воз“) „Крвава бања“ (англ. The Blood Bath) „Убиство во Еби Грејнџ“ (англ. The Abbey Grange Affair) (врз основа на расказот „Убиство во Еби Грејнџ“) „Драма во Кју Гарденс“ (англ. The Kew Gardens Drama) „Прошетка на Месечината“ (англ. The Half-Moon Affair)
Главни ликови Играта се игра со Шерлок Холмс и доктор Вотсон, но во некои епизоди, управувањето е префрлено на други ликови.
Изгледот на главните ликови е продолжение на варијантата што била искористена во претходниот дел, The Testament of Sherlock Holmes, каде што изгледот на ликовите бил значително изменет во споредба со претходните делови; покрај тоа, за првпат во серијата игри, во оваа игра, изгледот на ликовите може да се прилагодува од страна на играчот.
Наводи
Надворешни врски
(архивирано)
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за Nintendo Switch __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Видеоигри од Украина