Алеш Дебељак (25 декември 1961 – 28 јануари 2016) словенечки литературен критичар, поет и есеист.

Животопис Дебељак е роден во словенечката престолнина Љубљана, тогаш дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во семејство со рурално потекло; тој бил првиот од семејството што студирал на универзитет..DEBELJAK, Aleš

Во младоста бил јуниорски шампион на Словенија во џудо и освоил сребрен медал на југословенско првенство.

Дипломирал компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана во 1985 година. Ги продолжил студиите во Соединетите Американски Држави, стекнувајќи докторска титула по социологија на културата на Универзитетот Сиракуза во 1989 година. Подоцна бил виш Фулбрајтов стипендист на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Тој работел и во Институтот за напредни студии Колегиум Будимпешта, Центарот Чивитела Раниери и Студискиот центар за уметност и хуманистички науки во Богјаско Лигурија.

Од средината на 1980-тите па наваму, Дебељак активно учествувал во движењата на граѓанското општество.DEBELJAK, Aleš

Како и многу други тој ја прифати идејата за словенечка независност како втора најдобра опција во недостаток на подобри алтернативи, бидејќи секој план за реформирање на Југославија, а воедно и отстапување поголема автономија на Словенија и Хрватска, не успеал. Тој сè уште го задржал и го негувал својот двоен идентитет како Словенец и како Југословен, и сметаше дека независноста всушност ги ограничи културните референци на Словенија: „ги изгубивме нашите приврзаности кон луѓето од Југот, а во исто време не стекнавме ист тип на емоционална приврзаност кон Австрија и кон другите европски земји“.

Во 1991 година работел како преведувач за странски медиуми за време на Десетдневната војна и од прва рака бил сведок на југословенско-словенечките вооружени судири на австриската граница во Горња Радгона.

Бил еден од од ко-уредниците на критичкото алтернативно списание Нова ревија. Работел како професор по културолошки студии на Факултетот за општествени студии на Универзитетот во Љубљана.

Од 2001 година го ојавува списанието „Сараевски тетратки“, со цел повторно да се воспостави комуникација и врски меѓу интелектуалците и активистите низ поранешна Југославија и да се создадат регионални јавни форуми за помирување.

Бил оженет со колумниската, преведувач и американско-словенечка писателка Ерика Џонсон Дебељак, со која имаше три деца. Починал на 28 јануари 2016 година, во сообраќајна несреќа.DEBELJAK, Aleš

Поетски дела Дебељак дебитирал уште како студент. Поетот Вено Тауфер ја забележал неговата литературна обдареност и му помогнал во афирмацијата на книжевната сцена.

Неговиот поетски израз е исполнет со меланхолија и реафирмација на традиционалните вредности како што се семејството и Бог. Противник на школите на модерната мисла кои се сè дозволуваат, како што е постмодернизмот, делото на Дебељак било инспирирано од идеалот на „Просветителството“ во коа јасни се дистанците за, добро и лошо.

Дебељак бил исклучително плоден писател. Покрај поезијата и литературната критика, Дебељак работел и како колумнист за најважниот весник во Словенија, Дело.Неговите дела се преведени на многу јазици.

Објавени дел Поезија Имиња на смртта (1985) Речник на тишината (1987) Град и дете (1996) Минути на страв(1990, лирска проза) Незавршена пофалба (2000) Под водената линија (2004) Шверцери (2009) Имиња на смртта, Љубљана, 1985 (збирка поезија).

Есеи, скици, истражувања Фигури на меланхолија (1988) Сфингата на постмодернизмот (1989) Темно небо на Америка (1991) Самрак на идолите (1994) Форми на религиозна имагинација (1995) Индивидуализмот и книжевната метафора на народот (1998) За урнатините на модерноста: Институцијата на уметноста и нејзините историски форми (1999) Lanski sneg/ Минатогодишниот снег (2002) Европа без Европејци (2004) На долниот дел од фиоката: Ситни белешки (2005) Балканска бр..: есеји за книжевности „Југословански Атлантида“ (2010) Неостварливи заеднички соништа: опасности и очекувања на европскиот идентитет// Neprikosnovenny zapas, 2004, № 2 (34). Мојот балкански учител Замени, Замени, Алманах за младинска поезија, Марибор, 1982, 269–312. Меланхолични фигури: Есеи за литературата, Љубљана, 1988. Американска метафикција: Барт, Бартелм, Кувер, Пинчон, Љубљана, 1988 (литературна антологија). Постмодерна Сфинга: Континуитет на модерноста и постмодерноста, Клагенфурт - Салцбург, 1989 (научна монографија). Темно небо на Америка, Марибор, 1991 (збирка есеи). Писма од странство, Љубљана, 1992 (збирка есеи). Самрак на идолите: есеј, Клагенфурт - Салцбург, 1994. Затвореници на слободата: современа словенечка поезија, Санта Фе, 1994 (антологија на поезија со воведна студија). Форми на религиозна имагинација, Љубљана, 1995 (научна монографија). Град и дете, Љубљана, 1996 (збирка поезија). Имагинацијата на terra incognita: словенечко пишување 1945–1995, Фредонија, Њујорк, 1997 (антологија на поезија). Неволна модерност: институцијата на уметноста и нејзините историски форми, Ланхам, Мериленд, 1998 (научна монографија). Атлантски мост, Љубљана, 1998 (збирка есеи). Индивидуализам и литературни метафори на нацијата, Марибор, 1998 (збирка есеи). Снегот од минатата година: есеи за културата и транзицијата, Марибор, 2002. Книга, крст, полумесечина, Љубљана, 2012 (збирка есеи). Како да се стане човечко суштество, Љубљана, 2014 (збирка поезија).

Наводи

Надворешни врски Personal Page (Faculty for Social Sciences, Ljubljana) Biography and bibliography Aleš Debeljak's "Without Anesthesia" in Blackbird: an online journal of literature and the arts

Категорија:Словенечки поети Категорија:Словенечки есеисти Категорија:Словенечки социолози Категорија:Словенечки колумнисти Категорија:Уредници на словенечки списанија