Васил Николов Липитков (познат и како Липитката) (Љубетино, – Горно Оризари, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Липитков е роден во 1868 г. во леринското село Љубетино, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО и на почетокот служел како курир и главен снабдувач со оружје на Леринскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание како војвода на ајтоско-љубетинската чета и со неа бил во преземањето на Невеска. Во мај 1905 г. властите го уапсиле и го осудиле на 10 години, а од 1911 г. станал илегален деец.Дебърски глас, година 2, брой 43, 16 май 1911, стр. 4. лево|мини|Тројца од затворените за убиството на Хаџи Поповиќ во Битолскиот затвор, 1926 г. Најдесно е Липитков За време на Првата балканска војна во 1912 г. бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и служел во четата на Пандил Шишков.

Во 1927 г. бил уапсен по атентатот врз Спас Хаџи Поповиќ заедно со Никола Абдураманов од Пателе, Димитар Јуруков од Битола, Фидан Мојсов од Кукуречани и Павле Стојанов од Желево. Сите се осудени на смрт и стрелани во с. Горно Оризари, Битолско на 21 јуни 1928 година.

На 21 јуни 1941 година, на иницијатива на Мицо Раманов, Пандо Турунџев, Ичо Краев од Екши Су, Методи Петров од Пателе и Стојан Костов од Битола, во селската црква на Горно Оризери се одржала свечена панихида на која присуствувле голем број жители од Битола и од Битолско во чест на стреланите атентатори на Хаџи Поповиќ.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери