„Вселенската машина“, со поднаслов „Научна романса“ (англиски: The Space Machine, со поднаслов A Scientific Romance) — научно-фантастичен роман напишан од англискиот писател Кристофер Прист.

Првпат објавена во 1976 година, книгата ги следи патувањата на протагонистите Едвард Тернбул и Амелија Фицгибон. Двајцата се спуштаат на површината на Марс (поради мешање од Тернбул) пред марсовската инвазија на Земјата, што ја формира приказната за романот на Х.Џ. Велс од 1898 година „Војната на световите“. Едвард и Амелија, која работи за пронаоѓачот Сер Вилијам Рејнолдс, ја користеле просторно-временската машина на Рејнолдс за да скокнат во иднината на почетокот на инвазијата на Марс. Тие откриваат дека на Марс луѓето се претворени во марсовски робови.

Поставување Овој роман ефикасно ги поврзува приказните од романите на Х.Џ. Велс „Војната на световите“ (1898) и „Времеплов“ (1895) во истата реалност. Дејството се одвива и во викторијанска Англија и на Марс, додека временската машина го поместува дуото низ вселената (освен низ времето).

Технологијата е прикажана како приближно викторијанска по природа, за да не се уништи сцената за „Војна на световите“, но исто така покажува и некои необјавени достигнувања на Сер Вилијам Рејнолдс (како што е еден вид велосипед кој не бара никаков придонес од возачот).

Имињата на ликовите, исто така, укажуваат на историска Британија. И името на Едвард и името на Фицгибон се однесуваат на Едвард Гибон, познатиот британски историчар и автор на „Историја на пропаѓањето и падот на Римското Царство“, додека Тернбул сугерира, меѓу другите, на познатиот ран британски актер Џон Тернбул и поопшто, на Булдогот, кој популарно се користи за да се претстави Англија и нејзиниот пркос во војна.

Историја на објавување Книгата за прв пат е објавена во 1976 година од „Фабер и Фабер Лимитед“. Била повторно објавено во мек повез од Пан Букс во 1981 година и од издавачката куќа на Голанц во 1988 година.

Рецензија Ричард А. Лупоф ја опишал „Вселенската машина“ како „сосема нова, фасцинантна и генијална книга“, иако тој го критикувал релативно бавното темпо на нејзиниот воведен сегмент.

Списанието за агрегатни прегледи „Книги & Писатели“ цитирал рецензент, кој забележал дека Прист вложил напори да го канализира духот на Х.Г. Велс и успел доста добро да изработи вселенска опера во стил што е во согласност со нејзината викторијанска атмосфера. Сепак, истиот соработник сугерирал дека романот „би бил позадоволителна книга доколку авторот ги модернизирал елементите на научна фантастика, но го задржал автентичниот стил на пишување од тој период.

Награди Книгата ја освоила наградата Дитмар во 1977 година, победувајќи во категоријата „Меѓународна научна фантастика“.The Locus Index to SF Awards: 1977 Ditmar Awards

Наводи

Категорија:Британски романи