Општина Страцин, именувана и како Месен народен одбор Страцин ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година. Центар на општината било селото Страцин.

Историја

1945-1952 Месниот народен одбор Страцин бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Козјачката Околија, Скопски Округ, a негово единствено составно населено место било селото Страцин. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин останал територијално непроменет. МНО Страцин тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Страцин не претрпел територијални промени.

1952-1955 Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Страцин бил преименуван во Општина Страцин, а територијално општината се проширила на сметка на укинатиот Месен народен одбор Димонце со неговите села Димонце, Куклица и Пендак и на сметка на укинатиот Месен народен одбор Крилатица со неговите села Крилатица, Талашманце и Трновац. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Страцин била укината и еден дел од нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Клечевце која ги добила селата Димонце, Пендак и Страцин, додека проширената Општина Кратово ги добила селата Крилатица, Куклица, Талашманце и Трновац.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Страцин имал 1.203 жители. Од таа бројка, 1.191 бил Македонец, 1 бил Србин, 9 биле Роми, 1 бил Турчин, додека 1 бил Црногорец.

Според пописот од 1953 година, Општина Страцин имала 4.187 жители. Од таа бројка, 4.136 биле Македонци, 17 биле Срби, 6 биле Црногорци, 6 биле Хрвати, 14 биле Роми, 4 биле Турци, 1 бил Албанец, 2 биле неопределени Југословени, додека 1 бил заведен во графата останати Словени. Година19481953Населено местожителижителиДимонце—399Крилатица—478Куклица—532Пендак—343Страцин1.2031.282Талашманце—436Трновац—717Вкупно1.2034.187

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)

Наводи

Страцин Страцин Страцин Категорија:Козјачка Околија Категорија:Кумановска Околија