Месен народен одбор Брник ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја Месниот народен одбор Брник бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Брник и Ивени. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брник не претрпел територијални промени. МНО Брник тогаш припаѓал во Битолската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брник бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Маково.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Брник имал 510 жители, односно вкупното население на Брник и Ивени. Од таа бројка, 500 биле Македонци, додека 10 биле Роми.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Брник Брник Брник Категорија:Мариовска Околија Категорија:Битолска Околија