Dying Light (македонски: Згаснувачка светлина) — компјутерска игра во жанрот ужас за преживување со отворен свет, развиена од полското студио Techland и издадена од Warner Bros. Interactive Entertainment во 2015 г. за PlayStation 4, Xbox One, Microsoft Windows и Linux. По објавувањето на дополнението The Following, играта станала дополнително достапна во составот на Enhanced Edition.

Дејството на играта се одвива во измислениот блискоисточен мегалополис Харан (англ. Harran), зафатен од зомби-апокалипса. Главниот лик е таен агент по име Кајл Крејн, кому му е доверено да навлезе во градот за да најде и прибере важни податоци за вирусот. По пристигнувањето, тој е претепан од луѓето на Раис, веднаш по што Крејн се заразува. Затоа тој е принуден да се придружи на заедницата преживеани Харанци, кои се бранат од бандити и толпи зомбија, со цел да преживее со нивна помош и да ја заврши својата задача. Одликите на играта вклучуваат отворен свет, активно користење на паркур во густата градска градба и смена на денот и ноќта — во текот на ноќта на улиците на градот се појавуваат поопасни противници.

По објавувањето, играта добила претежно потврдни одзиви од критичарите — ја пофалиле графиката и околниот разработен свет и се согласиле дека некои елементи од играчкиот процес (на пример, паркурот) се добро реализирани, но бараат доработка. Играта била критикувана за заплетот и техничките проблеми на почетокот. Второто големо дополнение за играта Dying Light: The Following (во составот на Enhanced Edition) добило потврдни одзиви, кои го пофалиле големиот отворен свет (во споредба со изворната игра), доброто раскажување на приказната и подобрувањата во однос на играчкиот процес.

Во првите 45 дена по објавувањето, биле продадени 3,2 милиони примероци од Dying Light, што ја направило трговски најуспешна игра на Techland. Во август 2015 г., била објавена продажба од над 5 милиони примероци. Играта имала трговски успех, а до крајот на 2019 г. имала над 17 милиони уникатни играчи. Во февруари 2022 г., Techland издал продолжение на играта под името Dying Light 2 Stay Human. Седум години по објавувањето, компанијата Techland на 8 јуни 2022 г. објавила дека ја прекинува поддршката за играта, издавајќи го Dying Light: Definitive Edition, кое ги вклучува играта и сите главни DLC-и.

Играчки процес Dying Light е компјутерска игра во жанрот ужас за преживување, која се игра од гледиште на прво лице. Дејството на играта е сместено во отворен свет наречен Харан; првично, може слободно да се истражува областа наречена Гета (The Slums), а подоцна се додава и втора област, достапна преку канализација, наречена Стар Град (Old Town). Играчите се движат низ оваа градска средина, која е преплавена со зомбија. Нагласокот е ставен на механиката на паркур, која им овозможува на играчите да изведуваат дејства како што се качување по испакнатини, скокање од рабови, лизгање, прескокнување меѓу покриви и користење на жична спушталка. Кука за качување им овозможува на играчите да се качуваат на згради и брзо да патуваат меѓу местата.

Додека играчите го истражуваат светот на играта, тие можат да собираат залихи и плен, кои можат да се користат за изработка на ново оружје или да се продадат на трговци. Ликот на играчот може да го користи своето „преживувачко сетило“ за да го утврди целиот плен во близина и да користи алати за отворање заклучени сандаци и заклучени возила. Играчите исто така можат да завршат разни споредни мисии прифаќајќи задачи издадени од неиграчките ликови во безбедните зони на играта. Додека играчите го истражуваат Харан, можат да собираат и разни колекционерски предмети како белешки и дневници, како и да слушаат гласовни пораки.

Приказна Во измислениот блискоисточен град Харан, таинствена вирусна епидемија го претворила поголемиот дел од населението во хиперагресивни суштества слични на зомбија, принудувајќи го Министерството за јавна одбрана на Харан да ги стави делови од градот во карантин. Глобалната иницијатива за помош (GRE) им помага на преживеаниците сѐ уште заробени во градот со редовно фрлање залихи од воздух. Играчите ја преземаат улогата на Кајл Крејн, таен оперативец на GRE, испратен да навлезе во карантинската зона за да го пронајде Кадир „Раис“ Сулејман, политичка фигура што се одметнала, а која поседува датотека што содржи важни податоци за вирусот, што потенцијално може да доведе до лек. Кога Крејн пристигнува, тој мора да одлучи дали ќе ја заврши својата задача или ќе им помогне на преживеаниците.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за Nintendo Switch Категорија:Игри за Mac OS X Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за Линукс Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Ужаси за преживување __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__