„Девојката што го спаси кралот на Шведска“ е шведски роман напишан од Јонас Јонасон. Книгата за прв пат е излегла од печат во 2013 година како втор негов роман, после бестселерот „Стогодишниот човек што скокна низ прозорецот и исчезна“, а преведена била на англиски од Рејчел Вилсон-Бројлс.

Заплет

Во 1961 година, Номбеко Мајеки била родена како сиромашна девојка во Совето. Таа ги напушта сиромашните населби и по игра на судбината на судбината - е прегазена со кола, но преживува - ова ја носи на работа кај инженерот кој ја прегазил, како чистачка во тајниот објект за нуклеарно оружје во Јужна Африка. Тука, нејзината способност за математика ја води да го прикрива својот пијан и некомпетентен работодавач. Двајца агенти на Мосад на крајот го убиваат нејзиниот работодавач, но таа ги надмудрува нив и бега во Шведска со трио кинески измамнички, но поради една забуна, Номбеко по случајност ќе ја поседува исчезната јужноафриканска атомска бомба. Во Шведска, таа се сместува во запуштена зграда која живее во бизарна комуна која вклучува пар идентични близнаци (двајцата се викаат Холгер), од кои помладиот и неговата девојка се тврдокорни републиканци решени да ја уништат шведската монархија. Номбеко и нејзиното шведско момче (постариот Холгер) се решени да ја предадат бомбата на шведскиот премиер, но никој нема да им верува. Години подоцна, откако неколку обиди за предавање на бомбата пропаѓаат во апсурдни околности (вклучувајќи го и пронаоѓањето и речиси убивањето на преостанатиот агент на Мосад), Холгер- помладиот и неговата девојка ги киднапираат кралот и премиерот на Шведска во миг од гала банкет со кинескиот претседател Ху Ѓинтао во Кралската палата во Стокхолм и се подготвуваат да ја активираат бомбата (и сè во радиус од 61 километар) со цел да ја уништат монархијата. Номбеко ја смирува ситуацијата, спасувајќи го животот на кралот и својот.

Наводи

Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Статии со текст на шведски Категорија:Шведски романи