Јован Ѓуровски (, ) – поет и романсиер.„Значајни личности за Битола - писатели“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2008, стр. 35-36

Животопис Роден е во селото Витолиште, Мариово, на 17 ноември 1941 година. Седум одделенија од основното образование завршил во родното село (ОУ „Борка Талески“), а осмо одделение во училиштето „Даме Груев“. Образованието го продолжил во Учителската школа во Битола која ја завршил во 1960 година. Филозофскиот факултет во Скопје, група Југословенска книжевност со макеоднски јазик го завршил во 1968 година.

Како учител во одделенска настава работел во Витолиште и Градешница, а како предметен наставник во Суводол и Старавина. Потоа, осум години бил директор на Основното училиште „Иво Лола Рибар“ во село Црнеец, кадешто во одредени случаи, заради недостиг на кадар, ги предавал и другите предмети од одделенска настава, освен странските јазици. По укинувањето на училиштето и неговото присоединување кон училиштето во с. Кукуречани, во наредните две години го продолжил својот професионален живот во Вечерната школа при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, по што во наредните дваесет и пет години, сè до неговото пензионирање бил предметен наставник по македонски јазик и литература во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола. За постигнатите резултати во воспитно-образовната работа бил наградува и е носител на републичкото звање Истакнат педагошки работник. Своите стручни трудови за наставата ги објавува во „Литературен збор“, а во „Просветен работник“ и „Битолски весник“. Како писател на хуморески се јавува под псевдонимот Едрејко Даскало, додека, пак, кога пишувал за општествени прашања се потпишувал како Перун Трибунски.

Творештво Негови хуморески се: „Брецкањата на Едрејко Даскалот“ (1994), „На бавтана“ (1996) Ги објавил следните книги: „Тежината на зборот“ (поезија, 1996), „Навраќања во неврат“ (поезија, 1997), „Нивната есен во животот“ (хумористичен роман, 2004), „Пријателите на даскалот“ (роман, 2004), „Крвта вода не бидува“ (роман, 2005), „Кога вампири шетаа по селото“ (роман, 2007).

Наводи

Категорија:Македонски писатели