Бладрејн () — авантуристички филм од 2005 г. на режисерот Уве Бол, направен по мотиви на видеоиграта BloodRayne. Филмот добил шест номинации за наградата „Златна малина“.
Во 2007 г. излегло продолжението со наслов Бладрејн 2: Ослободување, во кое улогата на Рејн ја толкувала Натасија Малте. Во 2011 г., излегол третиот дел со наслов Бладрејн: Трет Рајх.
Содржина Сценариото практично нема никаква врска со изворниот материјал. Главниот лик на филмот е Рејн, ѓаволска мешавина од човечка и вампирска крв — дампирка. На дампирите не им влијае сончевата светлина и распнувањето и тие не бараат човечка крв (може да послужи секаква крв). Рејн е ќерка на кралот на вампирите Кеган, кој собрал војска робови (и луѓе и вампири) за да го уништи човештвото. Кеган ја силувал мајката на Рејн, а таа, уште како девојче, била сведок на жестокото убиство на нејзината мајка од негова рака.
Себастијан, Владимир и Катарина се членови на Друштвото Бримстоун — организација од луѓе што со векови се борат против вампирите. Слушајќи за дампирката, Владимир одлучува да ја ангажира во нивните редови, верувајќи дека само таа може да го убие Кеган.
Важен дел од заплетот е сосредоточен на три органи од древен вампир, кои можат да му дадат на секој вампир имунитет против неговите основни слабости: света вода (око), распнување (ребро) и сончева светлина (срце). Бидејќи Кеган сака да ги добие сите три органи за да стане непобедлив, јунаците мораат да го спречат.
Улоги
|Кристана Локен |Рејн |- |Мишел Родригес |Катарина |- |Мајкл Мадсен |Владимир |- |Бен Кингсли |Кеган |- |Метју Дејвис |Себастијан |- |Мит Лоуф |Леонид |- |Вил Сандерсон |Домастир
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Германски филмови Категорија:Американски сатирични филмови Категорија:Американски филмови за чудовишта Категорија:Филмови од 2005 година __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__