Мирко Аксентијевиќ Бата (Куршумлија, 13 август 1922 – Белград, 15 март 2011) — југословенски и српски новинар и прв претседател на KK Црвена звезда од Белград.
Новинарска кариера Аксентијевиќ завршил новинарско-дипломско високо училиште, со новинарството се занимавал од 1948 година. Од почетокот на кариерата работел во агенција Танјуг, најпрво работел во оделението за внатрешна политика, а од 1950. работел во одсек за надворешна политика.
Известувал од Грција, Конго и Либан, и бил извонреден познавач на „палестинскиот проблем“, како и за „курдскиот проблем“. За време на неговата богата новинарска кариера, се сретнал со бројни странски политичари, интелектуалци, културни и спортски личности, кои ги интервјуирал и за чии дела пишувал. На почетокот на шеесетите години, Аксентијевиќ бил сведок на крајот на конгоанскиот премиер, Патриса Лумумба. Неговиот извештај од Конго во 1960 година за соборувањето на премиерот Лумумба бил првиот што патувал низ светот. Се верува дека Аксентијевиќ бил последниот човек кој разговарал со Лумумба пред да биде погубен, на 17 јануари 1961 година.
Тој бил првиот странски новинар кој се сретнал со палестинскиот лидер Јасер Арафат во палестинските бази во Јордан во 1968 година. Оттогаш, тој известува за борбата на Организацијата за ослободување на Палестина во непосрена близина. Тој, исто така, известувал за Јомкипурската војна, која се водеше во текот на 1973 година. Иако бил тешко ранет на Сремскиот фронт во 1945 година, тој секогаш се обидувал да биде на линијата на фронтот кога известувал за судирите на Блискиот Исток. Бил првиот југословенски и српски новинар кој се сретнал со Мустафа Барзани, курдскиот лидер и тогашниот претседател на Курдската демократска партија.
Аксентијевиќ го организирал и раководел Меѓународниот прес-центар во Белград од 1977 до 1982 година. Во 1982 година станал директор на Југословенскиот културно-информативен центар во Виена. Оваа работа била посебен предизвик во неговата кариера, бидејќи му овозможила да се запознае со животот на српската дијаспора во Австрија, како и да ја промовира југословенската култура во оваа земја.
Црвена Ѕвезда Аксентијевиќ бил соосновач на белградскиот клуб Црвена Звезда во 1945 година. Поради повредите здобиени за време на Втората светска војна, Аксентијевиќ не можел да игра кошарка, па затоа се посветил целосно на организирање на работата на клубот. Аксентијевиќ бил првиот претседател на кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда. Набргу потоа, Небојша Поповиќ се приклучил на клубот, служејќи и како тренер и како играч. Во 1950 година, Аксентијевиќ се повлекол од функцијата претседател на клубот, а за време на неговиот мандат, Црвена Ѕвезда освоила пет југословенски првенства во кошарка.
Библиографија
Непријатели Палестинското досие (1979) Доаѓаат рацете (1996) Глобално, но не и световно (2005)
Белешки
Наводи
Категорија:Српски новинари Категорија:Српски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:КК Црвена Ѕвезда Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1922 година