Никола Ангелкоски ( — ) — македонски карикатурист и сликар.
Животопис Никола Ангелкоски е роден на 8-ми мај, 1957 година, во Печково, Македонија. Завршил средно училиште за применета уметност, ДСУ „Лазар Личеноски“ и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек Графика, на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.
Првата карикатура ја објавил во 1973 година, во неделникот за хумор и сатира „Остен“, од тогаш редовно објавувал и изложувал свои карикатури во повеќе домашни и странски списанија и галерии. Во периодот од 1999 до 2003 година бил главен и одговорен уредник на неделникот „Остен". Починал на 5-ти октомври, 2025 година.
Награди и признанија Ангелкоски учествувал на повеќе домашни и меѓународни изложби и фестивали за карикатура. Добитник е на неколку награди. Во 1974 година добитник е на првата награда на тема: "Вода, лето, туризам", на придружната манифестација на Светската галерија на карикатури. Во 2001 година, во рамките на Светската галерија на карикатура, во чест на Никола Ангелкоски, воведена е почесна награда за гег-карикатура. Во јули 2004 година назначен е за претседател на Македонија за ФЕКО (светска федерација на организации за карикатуристи).
Наводи
Надворешни врски Никола Ангелкоски, познат карикатурист од Скопје (1957-2025) Коле беше најдобриот карикатурист кој Македонија некогаш го имала Еден за сите, сите за никаде! (изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови)
Категорија:Луѓе од Печково Категорија:Македонски сликари Категорија:Стрип Категорија:Македонски стрип Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Македонски карикатуристи Категорија:Југословенски сликари