Миленко Пауновиќ (Сентиван, 17/29 ноември 1889 – Белград, 1 октомври 1924) бил српски композитор и драматург. Тој е автор на прва музичка драма во Србија.
Биографија Пауновиќ се школувал во Српската православна велика гимназија во Нови Сад (1900-1908), каде што ги посетувал и првите часови по виолина . Бил студент на последна година по виолина на Прашкиот конзерваториум (1909). Студирал композиција кај Регер на Конзерваториумот во Лајпциг (1909-1911) а исто така ги следел и предавањата на Риман на Универзитетот во истиот град.
Бил хор-диригент во Рума, Нови Сад (1913) и во Академското пеачко друштво Обилиќ (1923), учител по музика во Машката учителска школа во Јагодина (1914; 1918-20) и професор во Музичкото училиште „Станковиќ“ (1921–22). Како војник на Солунскиот фронт, активно учествувал во српската уметност во егзил. Од 1921 година бил воен диригент на Оркестарот на Кралската гарда. На местото референт на кое бил во Министерството за војска, се залагал за подобрување на материјалната состојба на воените музичари.
Тој е носител на Орденот на Свети Сава, IV степен, Орденот на Романската круна, V степен и на Албанска споменица . Починал ненадејно на 35-годишна возраст.
Творештво Пауновиќ истовремено се занимавал и со компонирање и литературна работа, но голем број од неговите дела биле уништени за време на Првата светска војна. Неговите најзначајни достигнувања се две музички драми (1912 и Ченгиќ-ага, 1923) и две Југословенски симфонии (1914–20; 1924). Од клавирските композициите, зачувани се раните дела (1912), Албумот со клавирски песни и недовршената Свита. Тој, исто така, оставил зад себе неколку оркестарски дела компонирани во 1909–11 година (на пр. Серенада, Романса, Увертира кон смртта на мајка на Југовиќ) и симфониската свита со четири ставови од 1921 година. Напишал многу повремени дела (на пр. Свечен свадбен марш посветен на кралот Александар) кои придонеле за професионализација на компонирањето воена музика.
Книжевниот опус на Пауновиќ се состои од седум драми (Шајкаши, 1908;, 1910; Приморци, 1911; Ѓаволова трагедија, 1912; Модел, 1917; Ченгиќ-ага, 1918;; Двори на Срѓа Злопоглеѓа, 1919), расказот Д-р Врач, како и многу песни и изреки.
Музичките и литературните дела на Миленко Пауновиќ се во многу аспекти поврзани со ист круг на теми и филозофски преокупации. Тој ги пишувал своите музички драми врз основа на своите драмски текстови. Од самиот почеток, бил инспириран од идеолошките и композициски аспекти на Вагнеровата музика, што до одреден степен може да се види во неговите драми, музичките драми, но и во раните оркестарски дела и симфонии. Влијанието на Ничеовата филозофија е евидентно и во драмите, особено во сегментот што се однесува на критиката на христијанството . Овој аспект придонел за пристапот на Пауновиќ кон духовната клима што ги обележала раните експресионистички импулси во српската литература околу Првата светска војна. Во своето музичко дело, тој б ил наклонет кон доцноромантичката традиција на германската ковачница, обраќајќи се и на елементи од истото, но помладо, модернистичко наследство. Овие стилски координати добиле посебна физиономија после 1914 година, кога во своите дела ја вклучил креативната комуникација со елементите од српскиот музички фолклор .
Музичките драми и симфонии на Пауновиќ означуваат ненадеен професионален и квалитативен скок во споредба со целата претходна композиторска практика во српската музика. Неговата прва музичка драма, едночинка, веќе демонстрирала успешен композициски и технички пристап кон основните постулати на Вагнеровиот концепт. Композиторот ги изоставувал хоровите и ансамблите, ја базирал структурата на дијалози и монолози, внимателно организирани лајтмотиви и густо симфониска оркестарска текстура со хармоничен јазик најблизок до Вагнеровиот „ Летечки Холанѓанец“ . Самото либрето се темели на смел, богохулен третман на тема за Христовото воскресение первертирано во измама, давајќи ѝ на првата музичка драма во историја на српската музика специфична авангардна димензија .
Пауновиќ се одредувал себеси преку насловите на обете симфонии според идеологијата на југословенството, претставувајќи ја со овој жанр моменталната конструкција на националниот идентитет во контекст на тогаш новоформираната држава. Во исто време, првата симфонија со поднаслов „На Липару“ укажувала на преовладувачки моменти на интроспекциите стимулирани од поезијата на Ѓура Јакшиќ . Композиторот го пишува и програмскиот дискурс, свртувајќи се кон филозофските пребарувања на кои постојано се враќал во своето дело, размислувајќи за судбината, отуѓеноста, љубовта и наоѓањето мир во прегратката на природата. Ги темели обете симфонии на цикличниот принцип и монотематизмот. Создава еден вид нестандарден, троделен симфониски циклус со последен став што се однесува на разиграниот карактер на вртелешката. Како и Малер, во својата прва симфонија користел стереотипни илустративни елементи (имитација на кукавица ) и ги реинтерпретирал во апстрактна музичка материја, на која ѝ дал улога на монотематското јадро, вклучувајќи го во структурата на делото. На сличен начин ги третирал и музичките цитати, како и автоцитати, кои играат важна улога во неговата втора симфонија. Тој развил посебен варијационен однос кон фолклорот, кој во неговите симфонии и други музички драми поминал низ различни нивоа на трансформација, почнувајќи од народен до ненароден звук, од игрив до силно драматичен карактер. Таквиот пристап ги прави хетерогените музички материјали сегменти на интегрален звучен корпус и моќна алатка на музичка драматургија .
Делата на Пауновиќ ретко биле изведувани и печатени. Во услови на локалниот музички контекст, по настанувањето на неговата прва музичка драма долго време немало можности за изведба на партитурата со претежно четворен состав на оркестар. Од друга страна, ненадејната смрт на Пауновиќ го прекинала неговиот труд на оркестрацијата на музичката драма „Ченгиќ-ага“ и на втората симфонија. Од неговите значајни дела била изведувана само Првата симфонија (Љубљана 1924, Белград 1925, 1932, 1940, 1956), но нејзиниот успех немал потрајна рецепција. Децении речиси заборавен, опусот на Пауновиќ станал актуелен во поновите музиколошки истражувања, во рамките на кои била објавена и неговата Прва симфонија (2009).
Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски композитори Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Починати во 1924 година