Реката Јара (англ. Yarra River) — река која тече преку целата година во источно-централна Викторија, Австралија.

Долниот тек на реката е местото каде што во 1835 година е основан градот Мелбурн. Од својот извор, тече 242 километри западно низ долината Јара која се отвора во рамнината додека се извива низ Мелбурн пред да се влее во заливот Хобсонс.

Реката била главен извор на храна и место за собирање на австралиските староседелци, од праисторијата. Набргу по пристигнувањето на европските доселеници, расчистувањето на земјиштето ги принудило преостанатите Вурунџери да се преселат на соседните територии и подалеку од реката. Првично наречена Бирарунг од Вурунџерите, денешно име е погрешно преведено со друг термин на Вурунџери, Јаро-јаро (Yarro-yarro), што значи „непрестано тече“.

Реката раните европски доселеници ја користеле првенствено за земјоделство. Речниот пејзаж драматично се променил од 1835 година. Текот прогресивно е прекинат и реката се проширила на места. Прв од многуте премини на реката Јара кој го олеснил транспортот бил мостот Принцес. Почнувајќи од викторијанската златна треска, интензивно бил миниран, создавајќи тунел. Проширувањето и браните, како резервоар Горна Јара, помогнале во заштитата на Мелбурн од големите поплави. Горните текови од сливот, исто така, биле погодени од сеча на дрва. Индустријализацијата на крајот довела до уништување на мочуриштата на вливот на реките Јара и Марибирнонг, на подрачјето на Западен Мелбурн.

Денес, вклучувајќи ги и пристаништата Свонсон и Аплтон, се користат за превоз на контејнери во пристаништето во Мелбурн, кое е најпрометното на континентот. Досегот на градот, кој е недостапен за поголеми пловни објекти, залбележи зголемена употреба и за траект и за рекреативно пловење (вклучувајќи кајак, кан, веслање и пливање). Меѓутоа, во последните години, рекреативната употреба на реката е загрозена од високите нивоа на загадување во нејзините долни текови. Горните текови остануваат релативно здрави.

Годишниот фестивал Момба слави се поголемо културно значење на реката Јара за Мелбурн.

Етимологија По пристигнувањето на Европејците, името Јара Јара го дал Џон Хелдер Веџ во 1835 година. Меѓутоа, се верува дека Јара значи „водопад“, „тек“ или се однесува на вода што тече или паѓачка вода, опишувајќи која било река или поток во таа областа, а не само Јара. Се вели дека името Јара Јара значи „реката што секогаш тече“.

Геологија и формирање мини|289x289пкс|Текот на реката Јара пред околу 10.000 години, по крајот на последното ледено доба. Некаде пред 6000 година п.н.е. (по завршетокот на најновото ледено доба околу 8000 година п.н.е.), реката Јара веројатно била споена со други притоки како што се реките кои сега се нарекуваат Патерсон, Короројт, Верибие и Литл и се влевале директно во Басовиот Проток. Помеѓу 8000 и 6000 година п.н.е., сливот се поплавил, формирајќи го заливот Филип и поместувајќи го устието на Јара за повеќе од 50 км во внатрешноста.

Сушен период комбиниран со формирање на плиток канал можеби го исушил заливот дури помеѓу 800 година п.н.е. и 1000 година по Христос, проширувајќи ја Јара до Басовиот Проток во текот на овој период.

Историја лево|мини|331x331пкс|Устието на реките Јара и Марибирнонг пред 1880 година. мини|285x285пкс|Фотографија од бараки за перење волна на бреговите на реката Јара. Подрачјето кое ја опкружува реката Јара и денешен Мелбурн првично го населувале староседелци од народот Вурунџери од нацијата Кулин. Се верува дека тоа подрачје го заземале австралиските староседелци најмалку 30.000 години. Реката е важен ресурс за Вурунџерите, а неколку локации по должината на реката и нејзините притоки се важни места за состаноци каде што се одржеле коробори помеѓу домородните заедници. Вурунџерите ги користеле ресурсите на реката на одржлив начин до појавата на раните европски населувања во почетокот и средината на 19 век.

Европско откритие и населување мини|311x311пкс|Акварел 1840 година. десно|мини|285x285пкс|Година 1863. Во 1803 година, првите Европејци запловиле по реката, геодетскатката група која ја предводел Чарлс Грајмс, геодетски премиер на Нов Јужен Велс. Во 1835 година, подрачјето кое денес е централно и северно од Мелбурн била го истражил Џон Бетмен, кој преговарал за трансакција за 600.000 хектари (2.400 км²). Тој избрал место на северниот брег на реката Јара, изјавувајќи дека „ова би било место за село“.

Реката имала клучна улога во воспостабувањето на Мелбурн по должина на неговите брегови од 1835 година па наваму. Главното пристаниште на новата населба се наоѓало непосредно низводно од водопадите Јара, западно од местото каде што морската вода се спојувала со слатката вода. Бродовите ја користеле едната страна од водопадите, додека другата страна обезбедувала свежа вода за пиење за градот и прикладна канализација. Јара била едно од двете главни пристаништа. Раните индустрии се развиле по должината на бреговите на реката, брзо влошувајќи го квалитетот на водата сè додека слатката вода во Мелбурн не морала да се набавува од некаде. Потоа индустриите почнале да ја користат реката и нејзините притоки како депонија и за отстранување на штетни хемиски супстанции како што се маснотии и масло.

Првиот постојан премин преку реката бил мостот Принсес, кој првпат бил отворен како дрвен пешачки мост во 1844 година, а сегашниот мост бил изграден во 1888 година. Горната брана на Јара подоцна била изградена за ублажување на поплавите, заштитувајќи ги населбите по должината на реката, а при тоа ги чистела речните брегови од наслаги од почва и тиња и предизвикувајќи други проблеми како што се ерозии и соленост.

Викторијанската златна треска десно|мини|275x275пкс|Тунел за вртење. лево|мини|228x228пкс|Карта на одводен тунел. Златото за прв пат е откриено во Викторија, во близина на реката Јара. Го пронашол Луј Мишел во 1851 година на притока на реката и го означил почетокот на викторијанската златна треска. Реката била дренирана и пренасочувна во различни области за време на златната треска за да им се помогне на рударите во нивното пребарување. Реката била делумно преградена во близина на резерватот Норманс. Рударите тогаш го минирале тунелот долг 145 метри. Реката тогаш била целосно преградена на влезот и излезот од тунелот, а водата била пренасочена низ 145 метри и излегла од другата страна, оставајќи 3,85 км речно корито.

Златната треска довела до зголемен развој во Мелбурн. Уште од најраните години на населување, средниот и горниот тек на реката Јаре почнале да се користат за рекреација. Реката била избрана за место на кралските ботанички градини во 1846 година, а текот на реката бил незначително изменет за да се создаде значително езеро.

Индустријализација десно|мини|275x275пкс|Реката Јара во 1928 година. лево|мини|273x273пкс|Создавање на островот по градежните работи 1880–1892 година. Делови од устието на реката и областа околу некогашните мочуришта на Западен Мелбурн биле проширени кон крајот на 19 век за да се направат места за пристаништа, мостови и друга инфраструктура. Се позголемената индустријализација на реката и растот на бродската индустрија ја увиделе потребата од големи инфраструктурни работи кои драматично ги промениле долните текови на реката.

Првата голема промена се случила со пресекувањето на каналот помеѓу 1880 и 1886 година. Овој голем инфраструктурен проект создал остров именуван по британскиот инженер. Тоа исто така вклучувало проширување и продлабочување, а во некои случаи биле ископани огромни површини земја, за да се олесни пристапот за товарни, цна подоцнежни бродови. Кланици, топилници, па дури и мртовечници требало да ја користат реката како средство за отстранување на отпадот во долниот тек. Оваа индустријализација, исто така, довела до постојано влошување на квалитетот на водата во текот на 19-тиот и 20-тиот век. Во 1891 година, голема поплава предизвикала Јара да се зголеми на 305 метри во широчина.

Во 1892 година, било отворено ново пристаниште. Материјалот кој бил отстрантет подоцна бил искористен за пополнување на дел од западното мочуриште на Мелбурн. Потребни биле шест дена за водата од реката Јара да го наполни пристаништето. Во 1910 година, главниот канал бил проширен и продлабочен (од 81 на 131 м). Во 1916 година бил завршен централниот мол на пристаништето Викторија.

Во 1957 година, изградена е резервоарот Горна Јара, првенствено за ублажување на поплавите низводно. Ова го намалило протокот на реката на околу 50%, каде што останува и денес.

Нова историја лево|мини|289x289пкс|Областа околу Мелбурн во 1972 година. десно|мини|335x335пкс|Проектите во внатрешноста на градот, вклучувајќи го и Плоштадот на Федерацијата, се фокусирале на предноста на локацијата на реката Јара како туристичка атракција. десно|мини|376x376пкс|Развојот на шеталиштето придонел за препородот на реката Јаре. До 1960-тите на минатиот век меѓу некои жители на Мелбурн, раснела свеста за занемарувањето на реката Јара, создавајќи различни групи организации за заштита на остатоците од екологијата на реката. Во текот на 1970-тите и 1980-тите започнале многу пожелни настани покрај реката, како што е викторијанскиот уметнички центар, бидејќи неговите долни текови прогресивно станале гентрификувани. На јужната страна од реката, во близина, постојат низа универзитетски и приватни училишни веслачки клубови кои ја користат реката за рекреативни спортови.

Околу 2000 година, реката што течела низ центарот на градот Мелбурн станала фокус на главните владини проекти. Биле предложени проекти за поврзување на станицата со реката, а раните предлози за Музејот на Мелбурн биле сместени по должината на јужната страна на реката. Проект за урбана обнова започнал во 2000 година, вклучувајќи станбено и деловно земјиште со мешана намена.

Во 2008 година започнало продлабочувањето на сливот на Јара.

Загадувањето и заштитата на животната средина десно|мини|257x257пкс|Стапица на реката фаќа ѓубре кое плута Реката Јара била важен ресурс за Вурунџери околу 40.000 години. Ја користеле сè до европското населување од почетокот до средината на 19 век.History of the Yarra , City River Cruises Раната индустрија сместена по должината на реката придонела за големи количини на загадување, како што се опасни хемикалии, маснотии, нафта и тешки метали. Во средината на 20 век индустријата полека се преместувала подалеку од реката и оттогаш главните загадувачи потекнуваат од канализацијата и трајните ефекти од претходното загадување. Рударството на злато исчистило мали површини од вегетација и во текот на одредени одредени временски периоди исушило делови од реката меѓутоа, во споредба со чистењето на земјиштето и индустриските загадувачи, ефектите од ископувањето на злато на реката биле релативно ниски.

Тешките метали наталожени во реката кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век се наталожиле на дното од речното корито, особено во долниот тек од градот и Мелбурн, а поради зголемената вештачка длабочина на реката од тука, тешките метали не се однесени понатаму, иако некои се депонирани. Маслата и мастите остануваат и денес во неколку притоки во долниот тек.

Загадување Главниот проблем се нивоата на бактерии, особено Escherichia coli, и супстанции како што се масти, масла и тешки метали во реката Јара и нејзините притоки.

Високите нивоа на Escherichia coli, кои се и до 200 пати повисоки од безбедната граница во нејзините притоки, првенствено се предизвикани од лошо одржувани септички системи.

До 350.000 цигари секој ден завршуваат во Јара.

Некои индустриски компании и понатаму ја користат реката Јара како депонија. На пример, во последниве години Викторија неколку пати парично ја казнувала компанија за хартија поради загадувањето на реката Јара и нејзината околина. Во 2007 година, компанијата била казнета со 5.000 долари за испуштање хартиена маса во реката Јара од нејзината фабрика,Victorian Government (Victoria Online) а во 2008 година, компанијата била осудена за излевање на нафта и казнета со 80.000 американски долари.Victorian Government (Victoria Online)